Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1197367 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Мислам дека бојлерот за нафта ви е со поголем капацитет затоа постигнува.

Инаку имавме на нафта и на струја. И го шитнавме котелот на нафта пред 3 години зошто не го користевме. Стана скапо/исто како струја и не се исплатеше да се замараш со нафта кога струјата е иста мање-више.

Обично одевме со 1т нафта и догревање со електричен котел. Не сме ставиле повеќе од 1т нафта за една зима.

Зависно од цената на нафтата зависи и греењето. Значи да е 28 денари еден тон ќе е 28000. Да е 45 одма е 45000.

П.С. Јас ако земам замена за нафтениот котел тоа ќе е топловодна топлинска пумпа.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Ако ти е скапо греењето на нафта, истата ја ставаш во TDI-то, и се возиш на 28д/л, и надокнадуеш одма загуби! ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Тоа е апсолутно најголемиот бенефит на "греење" на нафта. :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
во ситуации кога се грееме на нафта, водата во системот постигнува температура значително побрзо и таа температура полесно се одржува.
Ова не кажува многу, освен дека можеби моќноста на горилникот на нафта е поголема (повеќе киловати) од грејачот на струја. Решенијата како втората опција, парно со електрични грејачи на струја се меѓу најнеекономските.
Можеби грешам, колку ти кошта сезона/месец греење со парното на струја? Колку кошташе сезонава на нафта?
Колкава квадратура? Изолација? Куќа/стан (живее некој горе, доле, одстрана)?


Ако ти е скапо греењето на нафта, истата ја ставаш во TDI-то, и се возиш на 28д/л, и надокнадуеш одма загуби! ;)
8)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Ако се грееш на нафта и немаш Голф Двојка Дизел тасовец, боље купи си клима.

Ќе ти иде фира нафта многу.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Секако, ова е условено од квалитетен уред и соодветно одржување. Го имаме системот веќе 10-тина години сигурно, и со редовно чистење никогаш не сме имале проблем ниту со црнила, ниту со смрдеа, ниту со ништо - нешто што не можам да го кажам за комшија што се грее на нафта на 100 метри воздушна линија од мене, чиј оџак изгледа како rolling coal видеата... Во зависност од цените, бираме дали таа сезона ќе се грееме на струја или на нафта.
Малку поконкретно за неколку термини:

- Брендови на квалитетни котли и застапници?
- Редовно чистење и кој и со што се чисти?
- Колку квадрати и часови дневно загрени еден месец со колку нафта?

Данкишен предварително.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30067
    • CARclub.mk
Малку поконкретно за неколку термини:

- Брендови на квалитетни котли и застапници?
- Редовно чистење и кој и со што се чисти?
- Колку квадрати и часови дневно загрени еден месец со колку нафта?

Данкишен предварително.

Имаме резервоар од 1000 литри, загреваме вкупно околу 140 квадрати (на два спрата) од 07:00 до 22:00. Да бидам искрен, не знам точно колку нафта трошиме, ама еден резервоар не го дотрошуваме, односно зависи колку е ладна зимата, нормално. Куќата е со изолација и квалитетни (Саламандер) прозорци.

Чистењето можеш сам да си го правиш, различно е од котел до котел - ама ако се прави редовно (еднаш во сезона) ич не е комплицирано.

Ние имаме некаков Sun Star котел. Како што реков, стар е сигурно повеќе од 10-тина години, а сега сигурно има помодерни и поефикасни котли. Само стварно не знам да ти кажам од каде е купен.

Едит: Ако нешто ти значи, издувот од котелот е поставен на надворешен ѕид директно под прозорот од моето купатило. Никогаш не се случило во моето купатило да се осети било каков непријатен мирис или било што од издувните гасови, а прозорот е и зимно време редовно отворен.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Јас тука не гледам ништо скапо.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Дајте препорака за мала клима за во спална соба 15-20м2. Најбитно е да е тивка! Во дневна имам Daikin, супер е не се слуша ама би сакал да поминам поефтино за во спална.
« Последно менување: 05 Јуни 2017, 15:02:08 pm Molec »


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве





Земав да ја чистам климата и го извадив овој дел, не знам за што е, може ли да оди под чешма оти гледам има прашина или не?


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
на компресор па под вода. обичен филтер за прашина.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Има некои жици во него, мислев јонизатор да не е


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Moмци, предлози за вакво нешто:

Користи некој? Кај би можело да се најде нешто поевтино? Цените како одат?


Втора варијанта, вакви распрскувачи на пвц цевка:


За направи сам:



едит, на видеото цевките се со фабрички спремни дупки за распрскувачите, сега ги гледам овие од линкот долу, и се прашувам колку успешно би можеле да се уштрафат во пвц цевка за вода:
https://www.aliexpress.com/item/20PCS-Lot-0-4-mm-Brass-Misting-Nozzles-Greenhouse-Flower-Plant-Garden-Misting-Atomizing-Sprinkler-Nozzles/32778423182.html


« Последно менување: 30 Јуни 2017, 11:17:00 am Van »

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Во бриколаж ги имаш тие распрскувачите со црево од 7 и 15 тина метри, комплет се. 15 метри околу 1000 и нешто денари беа, како што се сеќавам.

Распрскувачите вршат работа, ама треба да се оддалечени од тебе на некои 2 метри минимум, иначе мокар те прават од пареата.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
На колку време треба да се прави проверка на фреонот на домашна клима...Знам дека зависи од тоа колку се користи но,јас не ја користам баш многу пошо одлично си ја брка работата.
Ја имам околу една година и дневно се користи по 4 саати најмногу(и тоа е многу).
Дали еднаш годишно се проверваат или?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D