Често пати имам слушано како велат, ако сакате да знаете каде да јадете во некој град, прашајте каде локалците одат, а не туристите.
Веќе безброј пати ми се има случено тоа во Берово. Има едно локалче каде јадат локалците, и се вика ПИЛЕТО. Секогаш стандардно висок квалитет на храна. Пресно месо на скара, пробајте ќебапи, кобасица, врат на скара. Пробајте гулаш и гравче (дават пола порција). Со месото секогаш даваат пире пресно спремено.
Освен скарата, кујната и зиме и лето им работи на дрва. Такво нешто не знам дали постои некаде на балканот, да се вари, спрема храна на печка на дрва. Тоа е затоа што тука е царството на дрвата и се лесно и евтино достапни. Месото најверојатно е локално, тука по селата сите одгледуваат свињи и сигурно се зима локално.
Немојте да очекувате амбиент или супер услуга (иако услугата не е лоша). Таму се оди за храна што мислам дека ретко може да се најде.
Наскоро ни се случи во два многу познати ресторани, кои се на висок глас, еден во Битола еден во Струмица, ни сервираа храна со пире од ќесе! Човек да не може да поверува.