Тоа вреќите, просек грејна сезона или како?Колку набавувате за грејна сезона и колку сте потрошиле?
Или ако ви е прва сезона колку е потрошено досега?
2016-2017
Kуќа од 96 м2 (денвна со 2 парна, терпезарија со парно и печка, кујна, 3 спални од кои една само се догреваше, купатило и ходник), без соседи, 10-ка изолација, Рехау дограма, подигнат о ниво од земја, високи тавани со каратаван и нов кров керамида
- октомври
171кг или 11,5 вреќи, 2.394 ден.
- ноември
390кг или 26 вреќи, 4.680 ден.
- декември
615кг или 41 вреќа, 6.970 ден.
- јануари
898кг или 60 вреќи, 10.425 ден.
- февруари
500кг или 34 вреќи, 7.000 ден.
- март
210кг или 14 вреќи, 2.912 ден.
вкупно 2.784кг или 186,5 вреќи, 34.381 ден.
2017-2018 потрошивме 31.000ден. за пелети
Нема попрецизен и подетален аналитичар на трошоци на цел форум, а можда и пошироко. Свака част.
далеку од прецизно е ова... еден куп податоци треба за да се собере есе на една линија околу потрошувачка... за почеток, еден од нај битните податоци го нема, а тоа е временскиот интервал на греење во текот на денот... на сите вака им излгеда фантастично, се додека не сватат дека овие податоци се за греење во период од не повеќе од 8 саати дневно, што е точно на половина од она што топлификација го нуди, односно точно 1/3 од она што јас го сметам за греење...
значи... поентата ми е дека за сопствено греење се пресметува на база на потрошен енергенс на работен саат, а пак за да се стигне до тој податок, бајаги други пресметки има, одколку број на вреќи пелет во еден месец...

но нај битните е: пресметка на загуби на котел (загревање и постигнување раб. температура)... стартна температура на просторија (тука игра муабетот за работни саати во текот на денот), време потребно за искористување на дадената енергија (повторно работни саати но и изолација), степен на губитоци (изолација и надворешна температура), степен на искористливост на енергенс, квалитет на енергенс, и секако една од по битните податоци и состојби е ПОСАКУВАНА СОБНА ТЕМПЕРАТУРА... јас со мојата работа увидов и затекнав луќе што над 18 степени се осеќаат како у пекол да се, ама и луќе што на 28 степени се смрзнуваат и ладно им е... сето ова се сумира на една линија и се добива потрошувачка на енергенс на еден работен саат, па тој податок ВАЖИ ЗА ТОЈ ОБЈЕКТ
и за ниеден друг... затоа и има варијации на потрошувачка од куќа до куќа, па таман и да се идентично изградени и двете... ете, најтазе пример со податоци, ми е од 3 ИДЕНТИЧНИ куќи, во еден двор, во Скопје, поточно Батинци. им наместив подно греење, идентично на сите 3... куќите не се лепенка, туку се засебни, оддалечени по 10 метри една од друга. да збориме во поени... едниот троши 10 поени на саат, другиот 12, третиот 20... затоа што, првиот и вториот греат исто (22,5 степени собна температура, 24/7), со иста температура, но на едниот од нив, куќата му е задскриена од друга комшиска куќа, па многу послабо го фаќа сонце и дневна светлина, автоматски троши 20% повеќе енергија, а третиот грее со 24 степени собна температура...

ете.. исто е, ама не е... меѓу првиот и третиот има скоро ДВОЈНА разлика во потрошувачка... затоа реперот кажан со сантиметри стиропор од надвор, квадрати и видина, не значи ама баш ништо...
