^ Една молба имам до тебе. Дали ќе ти биди проблем малку поопширно да ми подобјасниш околу тој тип на загревање, то ест ако се работи за загревање со сопствено парно на струја. За ефикасноста околу загревањето сум сигурен дека е на највисоко ниво, конкретно ме интересира околу сметките на струја. Се шират муабети како биле прилично високи сметките. Јас имам само еден пример за 12KW парно кое грее стан од педесетина квадрати (мал) и цените беа далеку пониски од она што сум го слушнал/прочитал.
Од прва рака, ако не ти е проблем да ме запознаеш со ситуацијата кај тебе ќе бидам многу благодарен (доколку се работи за таков вид на парно, а не панелки и други грејни тела) 
Сметката за пола Ноември и до 17-ти Декмври беше 2.800
Остаток Декември и пола Јануар 5.800 (кој би требало да е пик)
Ова е вкупна сметка за струја, само греење не знам колку земало. НО, последнава сметка имаше многу готвење без да се внимава на скапа/ефтина (слава, 2 родендени, Нова Година, празници), како и распуст 3 недели. Башка имаше нели и поладни денови.
Имам безжичен регулатор кој го имам сетирано на следниот начин:
- 05:00-07:00 - 23 степени
- 07:00-14:00 - 19 степени
- 14:00-16:00 - 23 степени
- 16:00-20:00 - 21 степен
- 20:00-22:00 - 20 степени
- 22:00-07:00 - 19 степени
температурата внатре никогаш не паднала под 20 степени, освен неколку ноќи кога беше минус
се случило да треба преку ден, кога беа децата на распуст, рачно да се вклучи парното (едно дугме кое вклучува автоматски на 22 степена и има едно за исклучување доколку има потреба)
се случи неколку денови и да продолжиме со греење до 00:00
греењето е парно, едно во дневна/терпезарија/кујна/влезна партија која е една просторија, едно спална, едно детска и регистар во купатило
температура на вода е подесено на 50 степени, кога беше поладно ја зголемив на 55
котлето е ова:


морам да забележам дека од 5 страни станот се граничи со соседни станови и има одлична изолација
дневна/терпезарија/кујна/купатило/детска 21-22, спална 20, немам заведено во ексел, ама тоа беше зададена температура
Мислам дека не ме разбра, мислев на тоа можеби да не мериш рачно, или да не имаш некое системче за следење на падовите на температурите меѓу периодите на горење и на мирување. Јас сакав да земам такво пред да се решам да идам со инвертор клими за греење, но не земав пошто со клима нема варијации во температурата (барем не повеќе некој ~1с).
Гледам низ месеците, на пример во Јануари имаш по два периоди со греење и меѓу нив два периоди мирување. Ме интересираше колкави се скоковите во температурите, и дали вклучувања/исклучувања ги оставаш на електрониката или самиот според потреба вклучуваш и исклучуваш греење?
немав систем за регулација
сетирав 2 режима, пред станување да биде топло и останатиот дел беше во зависност кога се враќавме дома
доколку беше ладно, рачно ја вклучував
додека не се грееше температурата знаеше да падне и на 18 степени