Чекај малку, ти да не го измисли бензискиот или дизел мотор? Или некој од форумов? Па толку на срце си ги ставате овие споредби тоа е чудо невидено. Факт е дека бензин влече помалку во споредба со дизел и тоа е тоа. Тоа засекогаш ќе остане така поради што самиот дизел мотор е поефикасен. Оваа тема требала на самиот почеток да биде отворена со цел на информирање на форумџииве кои се вистинските недостатоци на дизел/бензинец и потоа ние како членови да дискутираме на едно културно ниво зошто бензин би бил подобар избор доколку е користен само во градски услови, зошто дизел би бил подобар ако се зима поголемо возило и такви некои слични безброј дискусии, а не дизелот е само за по нива, чадел или бензинот е косилица или многу било тешко да се смени една брзина подолу. Детски муабети!!! Еве ти биди прв и не реагирај на такви глупости.
Искрено, многу ми е драго што сакаш да внесеш сенс во дискусијава. Меѓутоа, не треба мене да ми се обраќаш дека правам дискусии без осет. Барем јас се трудам до некаде да фрлам и по некој валиден факт тука, за разлика од повеќето дискутанти од типот „возев v10 бензиенц, ама мојот 1.5dci парче го праи на 1000 вртежи“.
Второ во врска со твоево објаснување, за нешто да биде факт, треба да приложиш доказ. Ефикасноста не е во директна корелација со влечната сила, туку со потрошувачката. Ефикасноста се мери според тоа колку внесуваш во системот и колку полезна работа излегува од таа енергија.
Дизел не влече повеќе, туку влече на пониски вртежи. Еве на пример два мотори во Поло:
1.9 SDI (VW) 133 N·m (98 lbf·ft) @ 1,800
1.4 16v(VW) 128/4400 Nm
Ако ја пресметаме снагата по следнава равенка: Power (kW) = Torque (N.m) x Speed (RPM) / 9.5488 тогаш испаѓа следното:
SDI= 25.07KW при 1800 рпм
16V=58.98KW при 4400 рпм.
Заклучокот изведи го сам.