Ти не правиш дискусии без осет (затоа и вака се решив на тебе да ти бишам прв), туку некогаш реплицираш на постови кои што не заслужуваат одговор и потоа се се врти во круг.
Thrue that! Ама тоа затоа што сум од почеток со темава, па некако се заситив од исти паушални оценки за тоа како дизелот „ја забрзува ротацијата на земјата“ (c) Marjanot

Ова ниски вртежи ти е малку релативна работа. Дизелот како агрегат е поефикасен поради повисока компресија. Значи дизелот работи до 4-4.5 обртаи додека турбо бензин докај 6 или атмосферски 6.7 обртаи (горе-доле). Тоа значи дека за дизел 2.000 обртаи е она што и за бензинец е 3.000 обртаи? Ако може така да се изразам. Ја стискам папучата за гас до крај и дизелов тегне и турбо бензинецов тегне. Веќе сум до 3.000 обртаи и претекнав 2 шлепера, а со бензинецот сум на 5.000 обртаи и се спремам да сменам брзина. Тоа колку гориво сум потрошил да го игнорираме може? На мене ми претставува задоволство повеќе дизелот што тегне како што ти викаш од ниски вртежи и притоа не е потребно да сменам брзина. Едноставно звукот на малолитражен дизел (до 2.0 литри да речеме) ми е по рафиниран, привлечен при нормално секојдневно возење. Тоа не значи дека јас ова мислење нема да го сменам ако купам 2.0 турбо бензин, ама првин ќе тестирам и 2.0 дизел од истиот производител. Тебе на пример можеби бензинецот ти прави повеќе ќеф и ти дига адреналин и мислење како такво го почитувам. Ако пак сум на стаза со некој добар бензинец е тогаш батали дизел ќе ми биде ептен досадно и монотоно
Баш така, ова беше дискутирано веројатно пред 56000 постови

Значи, грубо да земеме, вртежите на дизелот, да ги „растегнеме“ (менувачот тоа и го прави) до вртежите на бензинецот. Односно аналогија да поставиме дека 4000д втрежи=6000б втржи,
ако ги поставиш на график, дизел со 300 торкови и 150 кс, е аналогно на бензинец со 200 и 150 кс.
Да објаснам: Менувачот е торк конвертер - факт! помал пренос, поголем торк на тркала.
Бензинецот оди во прва брзина со 60 на саат при 6000 вртежи.
Дизелот оди во прва брзина 60 на саат при 4000 вртежи.
Односот на првиот степен на бензинецот е 1.5 пати помал од оној на дизелот, за да може двата да се движат со иста брзина при максимален број на вртежи на моторот.
Ако тој однос го примениме на торкот, тогаш на тркала бензинецот со 200нм испорачува исто максимален торк како и дизелот со 300нм. Единствено нешто што може да биде различно е брзината при која се испорачуваат овие њутнметри на тркалата.