Моето искуство е следно: Зборам за Астра Х, значи премиум летни гуми 205/55-16 на иста кола - Најдобра се покажа Гудјер, па Конти, па Бриџстон (така и се продаваа како нови, со овие гуми). Бриџстонот камен тврда, за на загреан асфалт у јако лето одлична, ама на ладно, мраз и снег катастрофа. Страв да ти е да искочиш на улица

Континенталот е супер во лето, а во зима му*а да ти смрзнат од страв, ама дааалеку подобар од Бриџстонот. Гудјерот е добар и во лето и во есен и на пролет, а во зима е доста попристоен од другите. Нормално дека не е зимска гума и дека ни приближно нема такви перформанси. Сепак еве Казан ги вози (или возеше), па нека се изјасни. Јас возам Континентал, а некои од форумов со исти Астри возеа Бриџстон, така да можат да си ги кажат своите искуства. На пример качувањата на Водно по снег...
Зимската постава на овие брендови е солидна (моите зимски континенталки уште не се за мењање), ама кога би купувал-пак би купувал по горниот редослед.