Јас имам и дизел и бензинец/плин. Двете се од мај 2002 година.
Едната е 1.6 16V со full injection и систем за директно вбризгување на плинот.
Моторот има 107 КС/6000 обртаи има поминато до сега околу 165000км некаде.
145Nm/3400 обртаи
Нормално возење градска троши 10л/100км (плин)
Отворено со 110-120км/ч троши 7-7.5л/100км (плин)
10*32.5=325 денари
7.5*32.5=228 денари
Другата е 1.9JTD обичен.
Моторот има 116КС/4000 обртаи има поминато до сега околу 200000км.
275Nm/2000 обртаи
Нормално возење градска троши 6,5л/100км
Отворено со 120км/ч троши 4.5-5.2л/100км (~5)
6.5*62 = 403 денари
5*62=310 денари
Разликата во двете коли е 80 денари на 100км.
Во перформанси/еластичност разликата е огромна. Повлекување, забрзување, итн. Не зборувам за возни својства.
Цената на одржување на бензинецот, да, е помала, ама тоа е затоа што јас тоа така го сакам. Не дека некој ме приморува. Во двете возила исклучиво скапи резервни делови ставам и потрошни материјали. Не штедам на тоа, сакам да ме служи.
Потенцијалните дефекти се поскапи кај дизелот,тоа е јасно, но и дизните на плинот ако ти се сјебат и тоа кошта 400 евра.
Е сега, ако ја правиме сега споредбата БЕНЗИН/ДИЗЕЛ и сето ова да го ставам на кантар,...нема апсолутно никаква споредба.
Во секојдневието бензинот воопшто не е практичен. Да точно дека модерните мотори се доста ефикасни, даунсајзинг и слични работи.
Парите со дизелот се враќаат. Верувајте се осеќа секој ден и тоа многу.
Кога ќе возиш бензин, после 50 000км ќе бараш да ставиш плин, загарантирано. Тоа ти е од 500 до 1000 евра инвестиција.
Губиш дел од багажниот простор. Губиш дел од перформанси. Пак дизелот излегува како победник.
Почитувам и обожавам бензин, ама реално, секојдневно...не!