На темава во претходни постови имам магистрирано и пошто немаше разбирачка решив да не се замарам. Ама ај, уат а хел, еве пак

Давам споредба на 2 современи автомобила, со современи мотори, двата турбо.
2 автомобила кои може да си ги дозволи еден просечен македонец (значи не ферарија, аемџија, в10 тедеија), значи РЕАЛНА споредба како што љуби да каже колега ФилипВ

Ова е цената на автомобилите во овластен салон:

Еве
ЛИНКПошто ние сме размазени пазени, си земав слобода да ги земам цените во Титаниум опрема, пошто на форумов сум читал дека испод Титаниум не смееш да погледнеш.
Прво:
Фиеста 1.0 бензин 100кс 13.500 еур
Фиеста 1.6 дизел 96кс 15.200 еур
Разлика во цена: 1.700 еур
Околу едноставната математика.
Фиеста 1.0 бензин има декларирана потрошувачка во град од 5,9л, ама пошто кај бензинци тоа „е нереално“, нека има 7,5 литри. Еве
ЛИНКФИеста 1.6 Дизел има декларирана потрошувачка во град од 4,4 л. Е сега пошто кај дизел е секогаш како што напишал производителот, јас само ќе заокружам на 4,5 литри. Еве
ЛИНКИмаме разлика од цеееели 3 литри на 100 изминати градски километри.
Моменталната цена на горивата во МКД е:
73,50 ден. бензин (нормално поскапиот)
62,00 ден. дизел
Еве
ЛИНКФиеста 1.0 бензин според горните податоци ќе помине 100 км со 551,25 ден.
Фиеста 1.6 дизел според горните податоци ќе помине 100 км со 279 ден.
Односно, доколку возиш Фиеста дизел, на 100 километри имаш заштеда од 272,25 ден. (скоро дупло)
Според разликата во цена од 1,700 еур, односно 104,295 ден. испаѓа дека разликата во цена што си ја платил за дизелот, ќе ја заштедиш при точење гориво за 38,085 км. Тоа се во просек нешто околу 4 години, еве нека се 3.
Само при точење гориво и тоа при идиотско трошење кај бензинчето во однос на дизелашиштето.
Дали е регистрацијата поскапа кај дизелот?
Дали е одржувањето поскапо кај дизелот?
ОК, не ги земам во предвид.
И стигаме до моментот, ама дизелов тегне земјина ротација забрзува.

Внимателно!
Бензинчето има 45 помалку торкови од дизелашиштето, но поставени 350 вртежи пониско.
ФилипВ, каде повеќе ќе уживаш во случајов? Не треба да потсетам дека кај бензинчето, троа повеќе ќе трае мускулот

Знам дека ќе се фатите за повисоките брзини и шалтањето една подоле кое очигледно му е потребна на бензинчето, ама па тежината на дизелашиштето доведува до 1,7 м подолг пат на кочење. Пат кој кај оној мускулот може да значи живот или смрт.
И еве како компарација, а ценовно поблиску:

Фиеста 1.0 бензин 125кс 14.500 еур
Фиеста 1.6 дизел 96кс 15.200 еур
Разликата е само 700 еур, ме мрзи пак да правам математика.
Од друга страна, перформансите се неспоредливи:

Со една забелешка: бензинчето има 201 Nm, грешка е погоре. Еве
ЛИНК. И претпоставувам дека графиците се со математички пресметки, па меѓу забрзувањата би биле уште повеќе наклонети кон бензинчето. Со прости зборови, џогер виледа, патос бришење.
Да резимирам.
Се уште стојам на веќе кажаното дека единствената предност на дизелите е потрошувачката. (колку и да ме разубедува ФилипВ дека не е така

)
Потрошувачктата која се исплати тек после 3-4 години и тоа доколку пресметуваме САМО по основ на гориво.
Ефортлес возење одамна нудат и бензинците. Овие современите. Со 6 брзини и торкови ниско поставени, а не оние со кои обично знаете да споредите и застанале со развој пред 15 години.
И се согласувам дека колку расте класата на возилото, така се зголемува потребата од дизел. Но заради потреба, не заради друго. Ние сме во состојба да ги дадеме последните 25.000 еур и да се позајмиме уште 2.000 за да земеме Пасат дизел пошто помалку ќе трошел. На запад, пред да го земат дизелот ќе пресметаат дали ќе помине во годината 50.000 за да му се исплати.
Гритингс, Марјанот.