Tи имаш кратка меморија.
Напротив имам многу добра меморија. За разлика од мене ти имаш селективна амнезија, се сеќаваш само на работи кои ти одговараат во дискусиите.
Ако си ми кажал 1000 пати за максималната моќност, јас ти имам одговорено 1001 пат дека токму на максималната моќност мислам и зборувам, и дека намерно тој збор го изоставам во секојдневната комуникација, затоа што се подразбира и нема потреба да се потенцира.
Ако тоа што го пишуваш се однесува до мене треба да го пишеш по ПП, а не на јавен форум каде покрај мене читаат уште 5000 читатели.
Зошто максималната моќност ја нарекуваш моќност кога тоа се две сосема различни работи кои не можат да се споредат? Претпоставувам дека не е случајно, туку е исклучиво во функција на твојата света тролска задача да шириш FUD.
Дајно мерењата се оние кои покажуваат дека дизелот има многу добра крива на торк, односно искористилива моќност во рангот 1500-4300 рпм.
И повторно тролање и ширење дезинформации, народски познато како јадење гомна. Со дајно можеш да споредуваш два или повеќе мотори без разлика дали се дизел, бензин или нешто друго. Во контекст на кажаното дајното покажува дека бенизнот има многу добра крива на торк, односно искоритлива моќност во рангот 1500-5500RPM.
Уствари ако земеме два современи мотори едниот дизел, а другиот бензин, бенизнецот е далеку поагилен има поголем торк и многу поголема моќност во сите можни сценарија, а воедно е и потивок. Единствена предност на дизелот е само економичноста.
Во контекст на ова ќе наведам неколку прости примери:
1.4TSI -170 е многу многу помоќен од било кој 1.4 турбо-дизел
1.75TBI е многу многу помоќен од било кој 1.8 турбо дизел
2.0 I4T (оној од AMG45) е бар двојно помоќен од било кој 2.0 турбо дизел