Затоа што разликата во максималните можни перформанси е маргинална и - во секојдневното возење - незабележлива, но цената која се плаќа секојдневно за сметка на тие маргинални разлики е и тоа како забележлива.
Послаб е колку што е потежок. Сепак станува збор за најмалку една класа поголемо возило кое тежи 200кг повеќе, оттука и таа пола секунда заостанување. Но 6 литри потрошувачка наспроти 13.5 е 100000000000000 пати поважно од таа пола секунда. Дизелот исто така има многу повеќе простор во кабината, има многу покомфорна вожња и е попријатен за возење. Исто така во дизелот може да се сместат четворица со багаж, во минито....си кажува името.
Во секојдневно возење и со пегличка нема да ти фалат перформанси. Моментите на уживање се тогаш, кога може да ги искористиш секој можен киловат енергија од моторот. Во тие моменти, ГТИ е драстично подобар од ГТД, според коментарите што ги читам од компаративните тестови.
гти е 'подобар' онолку колку што е појак, ни повеќе ни помалку. Но 13 литри наспроти 6 литри потрошувачка е многу поодлучувачки фактор од 50те кс кои кукавички ги има повеќе гти.
Не сум споредувал 200кг полесни дизели, туку возила со иста моќност, без разлика дали се турбо или не.
Доста лажеш, не ти личи на годините!
Максимална моќност е едно, а моќност е друго. Максимална моќност е единечна вредност, а моќност е функција. Математички не можеш да ги споредиш. Ова до сега сум ти го пишал бар 1000 пати, ама не знам дали немаш капацитет да го сватиш или го игнорираш за да можеш да тролаш на темава.
Сите твои споредби се на турбо-дизели со атмосферски бензинци, каде турбо-дизелите теоретски имаат исти максимални моќности со атмосферските бензинци, но во просек имаат далеку поголема моќност.
Ако сакаш да споредуваш баш исти моќности тогаш земи измери ги на динамометар и интегрирај по добиените криви во опсегот на вртежи во кои се возат и тоа за секојоа брзина поединечно бидејќи и преносот е клучен фактор за забрзувањата и пеформансите. Ако добиените интеграли се исти тогаш и моќностите им се исти.
Tи имаш кратка меморија. Ако си ми кажал 1000 пати за максималната моќност, јас ти имам одговорено 1001 пат дека токму на максималната моќност мислам и зборувам, и дека намерно тој збор го изоставам во секојдневната комуникација, затоа што се подразбира и нема потреба да се потенцира.
Дајно мерењата се оние кои покажуваат дека дизелот има многу добра крива на торк, односно искористилива моќност во рангот 1500-4300 рпм.