И додека другите ги напуштаат големите бензинци заради строгите норми....
Audi го претстави 3.0 V6 TDI Clean Diesel агрегатот
Деновиве, на Motor Symposium во Виена, Audi го претстави својот 3.0 V6 TDI Clean Diesel. Станува збор за модифициран погонски систем кој ги исполнува
Euro 6 стандардите, со обем од 2.967 cm3 и агол од 90 степени помеѓу цилиндрите...

На клиентите ќе им бидат понудени две верзии, со моќ од 218 КС (160 kW) и 272 КС (200 kW) со максимален вртежен момент кој ќе изнесува 600 Nm. Покрај тоа што е помоќен од својот претходник, надградениот шест-цилиндричен турбо дизел агрегат е за 13% поекономичен и емитува штетни гасови за 15 g/km помалку. Токму поголемата економичност и пониските емисии се причина за суфиксот "Clean Diesel".
Зголемувањето на моќноста и вртежниот момент и намалувањето на потрошувачката, се резултат на многу доработки како намаленото триење во внатрешноста на моторот, подобрувањето на турбо полначот, системот за контрола на работата на моторот и сл. Исто така за прв пат NOx катализаторот е поврзан со DPF филтер и SCR (Selective Catalytic Reduction) со цел дополнително намалување на емисиите.
Производителот во Виена го претстави и новиот 7-брзински S-Tronic менувач со двојна спојка, за модели со надолжно поставен мотор и погон на предните тркала.
LosiPatista