Не само за тоа дали е крив - крив е, него и општиот пристап кон ваквите ситуации.
Во сите ситуации до сега, јавно се линчува возачот, без да се знаат сите околности.
па тоа и јас зборам... и јас лани лето удрив човек.. само еден господ и среча ваљда направија да преживееме сите тројца (јас и невестата на мотор), кој ако се правдаме би рекле дека нетребаше да ТРЧА НА ПЕШАЧКИОТ.. ама по закон, (а и по лична морална обврска) знам и тврдам (воедно признавам) дека сум си крив. ако возев поспоро, во рамките на дозволеното, и ако трчаше, никому ништо... ако не трчаше, ке си закочев навремено на пешачки, а вака он и невестава завршија повредени, а јас душевно скршен во тој момент...
кој е крив? јас... иако човекот ми се извини што трчал, семејството негово одпосле ми рекоа еден по еден дека понекогаш си се понашал чикицава како “удрен“ и правел потези нереални (75 годишен човек) за секојдневието, и кој К барал во 22:30 надвор од дома, беше башка прашање што му поставуваа сите негови што дојдоа...
ако така гледаме, било кој од сите сегменти да не бил направен, нај веројатно не би дошло до сообраќајката...
во мојот случај:
-ако возев поспоро
-ако чикицата не почна да трча преку цел булевар
во случајот со девојчето:
-ако возел поспоро
-ако не бил напиен
-ако девојчињата не претрчале на црвен семафор...
сакам да кажам, дека.. премногу е глупаво да има ПОДЕЛЕНА ОДГОВОРНОСТ.. таа терминологија и пракса ја започнаа пред неколку години затоа што со ПОДЕЛЕНА ОДГОВОРНОСТ нема баш многу пари во буџет.. ке појаснам како и зашто... на времето, кога ке се десеше сообраќајка, се гледаа исправноста на учесниците... па ако, некој бил пијан, не бил регистриран, прошол на црвено, едноставно полицијата излегуваше со заклучок дека ТОЈ НЕ СМЕЕЛ ВООПШТО ТУКА ДА БИДЕ, па автоматски он е крив за несреќата. и кое фајде за буџетот е тоа? умрениот умрел, зашто идел/возел на црвено, а овој другиов ке му исплатат пари од осигурителна и чао џаци...
е сега со поделена одговорност, инспекториве кога ке дојдат на место на удесот, прво пребројуваат колку прекршоци се направени (колку бодови ке добијат за изнапишани казни) па после судот тура на кантар кој е помалку а кој поише крив... што е стварно не соодветно. девојчето претчало на црвено.. она не смее да биде таму воопшто. имам и јас две керки, кои стануваат више самостални и се движат по булевари, и стално ги напињам дека да проаѓаат на зелено, па дури и тогаш, кога проаѓаат, да гледаат убаво дали некој сепак поминува... не би сакал вакво нешто да ми се деси, и секако, во очите на родителите на тоа девојче, возачот е 100% крив... но и не е баш, т.е. не е 100% крив... можда само јадам лајна, ама сега така размислувам... и несакам по своја кожа или по кожа на нај блиските да осетам дали сум во право или не...
пред 15-тина години, на или нденска имав сообраќајка од која среќен сум што извадив жива глава (благодарение на тоа што возев буба, жив сум) директен судар имав, партали беа колите... полицијата ТОГАШ, го намирисаа другиот возач дека пивнал, после алхо тестот мојот беше 0, на другиот беше 1,91 промили... од тука натака, више стварно не ги интересираше кој од каде дошол, дали било зелено или црвено. едноставно, тој возач, со таа кола во тој момент, не смеел да биде тука и не смеел да вози.. ако не возел,немало ништо да се деси... крај намуабетот... за воља на вистината и не бев крив тогаш, ама поентата е дека, не се ни потрудија да ги гледаат сите факти што се десило, затоа што еден од учесниците беше дупе пијан...
инаку
татко ми мој роден, е погинат како пешак, на пешачки. го лупна автобус, кој возел 100+ на водњанска, кој прошол на црвено, и не застанал на пешачки на кој светело зелено. сите пешаци тука беа сведоци, пошто стариот мој не успеал да избега, поради проблеми со нозете, додека другите се разбегале кога го виделе автобусот... возачот на автобусот е казнет со условна казна и понатаму вози во ЈСП... ете до таму имам верба на судовите, полицијата и законите...