Не е тоа поделена одговорност. Лошо се изрази онак мислам.
Пијаниот нема одговорност за сообраќајката ако никако не допринел за случување на истата. Односно ако си чекал на црвено на семафор и некој го здрвил од позади. Поделена одговорност е ситуација кога и двајцата се виновни, сеедно пијани, трезни, со или без возачка.
Казната за возење пијан нема врска со одговорноста, тоа си е посебна казна, посебна прекшрочна постапка и нема никаква врска ни со осигурување, ни со вината за случување на сообраќајната незгода.
Мене никако не ми е логично да е а приори крив некој само дека вози нерегистрирана кола или без возачка или издрогиран.
Ти да кажеме си се напил 3 пива и имаш 0.6 алкохол, јебига лоша одлука си направил, ама викаш ај од кафич до дома имам 300 метри ќе ја вратам колата, не ја оставам пред кафич. Тргнуваш и на првите семафори си застануваш регулар на црвено. Од позади некоја будала те собира со 100ка, ти ја прави новата кола лом, плус и ти некоја ситна повреда имаш. И сега според твојата логика твоето осигурување треба да му ја плати штетата на будалата, а ти сам твојата кола да си ја поправиш??
Поедноставно не може да биде, тој што е виновен за случување на сообраќајната незгода, тој одговара.
Еден подобар пример од твојот. Ако видиш нелегален мигрант во Скопје, смееш да го убиеш или претепаш без да одговараш, дури и он пари да ти даде. Дека нели нелегално дошол во Скопје, не смеел да биде во Скопје воопшто. Или ако згазиш пешак, ама пешакот да биде затвореник кој киднал од затвор. Го газиш затвореникот кој се движел регуларно на пешачки, и според твојата логика он е крив дека не смеел да биде таму, требало во затвор да биде, па на крај треба пари да ти даде за тоа што ти ја оштетил колата
