Не е тоа поделена одговорност. Лошо се изрази онак мислам.
Пијаниот нема одговорност за сообраќајката ако никако не допринел за случување на истата. Односно ако си чекал на црвено на семафор и некој го здрвил од позади. Поделена одговорност е ситуација кога и двајцата се виновни, сеедно пијани, трезни, со или без возачка.
Казната за возење пијан нема врска со одговорноста, тоа си е посебна казна, посебна прекшрочна постапка и нема никаква врска ни со осигурување, ни со вината за случување на сообраќајната незгода.
Мене никако не ми е логично да е а приори крив некој само дека вози нерегистрирана кола или без возачка или издрогиран.
Ти да кажеме си се напил 3 пива и имаш 0.6 алкохол, јебига лоша одлука си направил, ама викаш ај од кафич до дома имам 300 метри ќе ја вратам колата, не ја оставам пред кафич. Тргнуваш и на првите семафори си застануваш регулар на црвено. Од позади некоја будала те собира со 100ка, ти ја прави новата кола лом, плус и ти некоја ситна повреда имаш. И сега според твојата логика твоето осигурување треба да му ја плати штетата на будалата, а ти сам твојата кола да си ја поправиш??
Поедноставно не може да биде, тој што е виновен за случување на сообраќајната незгода, тој одговара.
Еден подобар пример од твојот. Ако видиш нелегален мигрант во Скопје, смееш да го убиеш или претепаш без да одговараш, дури и он пари да ти даде. Дека нели нелегално дошол во Скопје, не смеел да биде во Скопје воопшто. Или ако згазиш пешак, ама пешакот да биде затвореник кој киднал од затвор. Го газиш затвореникот кој се движел регуларно на пешачки, и според твојата логика он е крив дека не смеел да биде таму, требало во затвор да биде, па на крај треба пари да ти даде за тоа што ти ја оштетил колата 
банза.. прво не се 5 туку 0,5 промили...
второ.. јас се согласувам со првиот (стариот) закон, затоа што повеќето казни ни се релативно “фашистички“ т.е. доста радикални. како во отценувањето така и во висината на казната.. кога веќе имаме такви радикални казни, ова е во склоп со тоа ниво на понашање..
не регистриран, под дејство на психотропи супстанци, алкохолизиран над дозволеното или не регистриран, едноставно братче, ОН НЕ СМЕЕЛ ДА ВОЗИ И НЕ БИ БИЛ ТАМУ, НЕ БИ СЕ ДЕСИЛ УДЕСОТ ВООПШТО ако го испочитувал законот и не седнел зад волан да вози...
има ли по едноставно од тоа? има... да кажеш дека не се сложуваш, зашто лично тоа и го практикуваш.. тука е порблемот.. само критичноста ни се слаба точка. кога тоа би се подкренало на повисоко ниво, ке сватиш дека уствари сосема сум во право дека тоа е подобар избор.. само главната прикаска е дека на тој начин, пари у буџет нема да се слеваат доволно колку што на вториот (новиот) закон е направено...