Колективно ја утињате поентата. Јас во ниту еден момент не го оправдувам дечкото што возел пијан, нити па тоа дека возел пребрзо. За тоа што бил пијан и возел брзо треба да си ги сноси сите последици, согласно законите.
Крив е.
Арно ама, тука работата е значително покомплицирана. Удрен е човек, изгубен е живот. Вештакот - повторно, потенцирам, вештакот, стручно лице, некој обучен и трениран за да даде стручно, објективно и непристрасно мислење - кажува дека примарната кривица е кај девојчето. Претрчала на црвено.
Нормално, повторно се напаѓа возачот, како и во секоја друга ситуација. Во ред е тоа, се навикнавме веќе да се демонизираат возачите и колите во сообраќајот, и ние да сме криви за све, дури и во ситуации кога не сме.
Како и да е, мене ми е криво и за изгубениот живот, и за последиците што ќе ги сноси дечкото што возел. Не е лесно да се носи на душа одземен живот, колку и да бил крив во конкретната ситуација.
Само, искрено се надевам дека тие што лажно сведочеле против него (а се докажало дека лажеле, согласно видео-снимките) ќе бидат соодветно кривично гонети. А може и он (или неговото семејство) приватно да ги тужи за нарушен душевен мир.