Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3187240 пати)

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
ете имало живо пиле ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43943
  • Il Moderatore
Било живо, пред да помине Vlatzki ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Остана жива гуската, ама  сигурно се посрала од  страв од кога и покажав ја убаво.  ;D

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
Гуски на пат. Гуски у буквална смисла на зборот. Толкава птичурина од 20-30кг ќе ја соберев на тој патот петровец-идризово-јурумлери итн.... со 80км/ч.

Среќа гуската се опамети у моментот пред да ја удрам па се врати назад, ја промашив за 20-30 цм, а ја кочам ко луд и гуми ми чкрипат и идам у десно да ја избегнам.  За малце ќе си ја уништев колата која нема ни недела дена од кога ја возам.

Гуска.
Вниммавај само помегу двата моста од трубарево и јурумлери знаат да сројат закриени и со радар да мерат, иначе рутина е таа брзина да се вози таму али се почесто има такви испади од животни на патот.

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Прееска на уличката кај кафаната Наџак, барајќи место за паркинг, за малку ќе удрев во човек на точак. Го имам тоа глупо чувство цел ден, иако не верувам ни дека ќе го бутнев од точакот, дека стварно споро возев. Ми падна во очи дека имаше стаено слушалки и си слушаше музика, а го викнаа од кафичот од карши и без никаков сигнал, со цела должина ми се испрчи пред кола...што е најтрагично, не ни сфати истиот дека животот му беше загрозен, ако возев побрзо или не го видов. Сфаќам дека ете нема велосипедски патеки и инфраструктура, ама дека нема култура и кај други учесници во сообраќај освен возачи, сигурен сум 100%.

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Вчера попладне. Дворот на школото Вера Циривири. Имаше уште една кола (Шкода Фелиција мислам дека беше)....дворот преполн со деца и улицата преполна со студенти од блиските факултети...




Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Го видов вчера и не ми беше јасно како успеал, втора кола не видов, а цела раскрсница беше со стакло.

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Кај мене пред зграда ова, како што го слушнав дечкото дека некој му пресекол пат и избегал до 9 саат го собираа сеатов, па го качија на шлеп.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2652
Не за друго, се посрамотил пред толко нарот  ;D

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
На оваа раскрсница никогаш не недостасуваат кретени, и од страна на возачите, и од страна на пешаците.

Sent from my 6036Y using Tapatalk


Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Зaчудувa блискoстa нa местoтo сo oнa кaј штo имaше превртенa кoлa пред крaткo време. Oчигледнo скoрo кaкo и секaде пo грaдoт се вoзи кo веднaш пo лoбoтoмијa, дaли е ширoкo, теснo, прегледнo непрегледнo, сoсемa е сееднo.

Sent from my LG-D320 using Tapatalk


Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Голем проблем е прегледноста на оваа раскрсница, заради паркираните коли по тротоарите одма до раскрсницата и сл.

Углавном има многу дечки што не ги гледаат знаците за првенство на минување, па се залетуваат и после Цацко им е крив.
 
Наместо да возат полека и внимателно, они брзаат, иако е прегледноста лоша, знаците углавном се убутани меѓу колите па пуно луѓе не ни знаат дека има знаци уопште таму, па има деца од основното школо, студенти од МФС, ТМФ, ФИНКИ, ФЕИТ, има станари од околните згради и други луѓе на ова место.

Зборувам општо за главнината што вози таму, не зборувам конкретно за овој случај пошто не знам што и како се случило.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29804
    • CARclub.mk
Ме извади од кожа насловов..

„Вештакот потврди дека несреќата можела да биде избегната доколку возачот возел со помала брзина“

http://www.akademik.mk/veshtakot-potvrdi-deka-nesrekata-mozhela-da-bide-izbegnata-dokolku-vozachot-vozel-so-pomala-brzina/

Секако, би можело да се избегне. Ама она што би требало да биде во насловот, а не е, е следново:

„На прашањето на адвокатот на Видојковиќ до вештакот, дали е вината за несреќата кај возачот или кај жртвата, според познатите факти утврдени со вештачењето, вештакот Мамути одговори: Постојат пропусти во однесувањето и на едната и на другата страна, но ако треба да одговорам на прашањето на адвокатот во конкретниот случај вината е на страната на жртвата“.

Девојчето претрчало на црвено. Да, возачот бил пијан (и тоа е неопростиво) и возел брзо, ама да не претрчала она, да си почитувала знаци и да имала мозок и нагон за самозаштита, он ќе бил пијана будала, а она ќе била жива.

Ама џабе е целиот муабет. Детето више го линчуваа. Лежеа по улици, урлаа, ни го ебаваат полека-полека возењето низ Скопје.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Ако не возел толку брзо, може он пак ќе останел пијана будала, а она може ќе била повредена со научена лекција за друг пат да не претрчува на црвено. Повредена, ама жива, со памет за друг пат.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Доколку возачот ја перел колата во двор додека Фросина си претрчувала на црвено натаму-наваму, најверојатно немало да ја удри и она ќе била сеуште жива.

Никогаш не разбрав зошто жртвата секогаш се смета за невина без разлика дали резултатот е причина на нејзино непочитување на сообраќајните правила или не.

Секојдневно сме сведоци на претрчување на црвено, претрчување на сред булевар на необележан пешачки премин, претрчување пред-позади автобуси и сл. Сега сонцето дополнително ја отежнува прегледноста во некои ситуации, а манекени колку сакаш по улициве...