Вчера можев да имам мал инцидент али за среќа се помина океј, чекав во редица во гужва, и дојдов до дел каде се двои десно уште една лента али немав простор да се пикнам од тој пред мене па малку полека се поместив десно до работ на тротоарот за кога ќе мрдне малку напред да се протнам и да продолжам пошто беше чиста таа лента, и само што се поместив слушам туупп тап удар, се вртам десно и гледам кај задната врата со точак еден. Викам леле овој ме закачи со рачката, отварам прозор го глеам ме глеа вика абе ми пресече пат, викам извини па и ти гледај малку кај се пикаш што ако некој ти отвори врата?... Можда ја бев крив требаше да погледнам десно во ретровизор и обично секогаш погледнувам ама јебига овој пат не видов не очекував... Викам се оштети ли нешто? Вика не бе уживај со рака се потпрев се одбив на вратата на колата... И си продуживме. Среќа што тој инстиктивно стаил рака и среќа што се движел полека.