Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3188796 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Важно е да се установи дека и двајцата се криви.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1155
Ме извади од кожа насловов..

„Вештакот потврди дека несреќата можела да биде избегната доколку возачот возел со помала брзина“

http://www.akademik.mk/veshtakot-potvrdi-deka-nesrekata-mozhela-da-bide-izbegnata-dokolku-vozachot-vozel-so-pomala-brzina/

Секако, би можело да се избегне. Ама она што би требало да биде во насловот, а не е, е следново:

„На прашањето на адвокатот на Видојковиќ до вештакот, дали е вината за несреќата кај возачот или кај жртвата, според познатите факти утврдени со вештачењето, вештакот Мамути одговори: Постојат пропусти во однесувањето и на едната и на другата страна, но ако треба да одговорам на прашањето на адвокатот во конкретниот случај вината е на страната на жртвата“.

Девојчето претрчало на црвено. Да, возачот бил пијан (и тоа е неопростиво) и возел брзо, ама да не претрчала она, да си почитувала знаци и да имала мозок и нагон за самозаштита, он ќе бил пијана будала, а она ќе била жива.

Ама џабе е целиот муабет. Детето више го линчуваа. Лежеа по улици, урлаа, ни го ебаваат полека-полека возењето низ Скопје.

Па јас ти го зборев истово и на тебе и на Онак, кога реши да ме блокираш...и да точно е ако возел побавно имало шанса да се избегне несреќата.........И уште требаат протести за брзо возење во Скопје. Пред се ти Зеро како модератор/адмнистратор на форум, сопственик на портал треба да потикнеш кампања за почитување на правилата во сообраќајот а ти го правиш токму обратното.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5086
Најинтересното е што кога се линчуваше момакот јавно сите трубеа, сега кога се врти приказната никаде низ медиуми ја нема... Што праиме со лажните сведочења од другарките?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20701
Нема да ја вратат, ниту него да го отрезнат.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1155
Точно, ама треба да го спомнат ова, како поука на сите возачи...не денес ги гледам без кациги на 1 колце со мотори, под туража кај сити мол....демек да ги видат од плеј.....абе страшно...ама шо да праиш луѓе со мали куриња......

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Најинтересното е што кога се линчуваше момакот јавно сите трубеа, сега кога се врти приказната никаде низ медиуми ја нема... Што праиме со лажните сведочења од другарките?
Убаво би било сочно да се казнат за лажење на полиција. За пример да стои.

И крајно време е Зеро да направи иницијатива за почитување на правилата за поминување на црвено светло.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Жално е за изгубениот живот.

Само од овие ситуации треба некои поуки да се извлечат за да не се повторуваат, а како што гледаме тоа баш и не се дешава.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Со таа разлика што секогаш имало и ќе има такви што претрчуваат на црвено, од непрегледни места и слично.

Муабетот е дека со помала брзина на движење имаш поголеми шанси да го видиш пешакот порано и да застанеш/успориш/го избегнеш. Полошо е да го згазиш и пешакот да умре и да го носиш на душа, него да намалиш брзина и да ја избегнеш таа ситуација.

Ама вие бескрајно трубите како 80-90 на час по булевариве била таман брзина. Јес да и мене ме нервира ограничувањето од 50 на час, но има смисла. Град е, не е автопат. Има луѓе, деца, кучиња, колички итд итд.

Тоа што типот возел 85 кај универзална навечер кога има гужва од пешаци и коли е кретенизам.

Како год изгубениот живот не се враќа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Жално е за изгубениот живот.

Само од овие ситуации треба некои поуки да се извлечат за да не се повторуваат, а како што гледаме тоа баш и не се дешава.
Да не возиме пијани, и да не поминуваме на црвено? Ама оваа поука се учи од најмали нозе, па низ школи, па низ логика, ама многу тешко се научува.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Се учи ама некои не ја научуваат, а не е тешка за учење.

Отсутен Ezekiel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 400
Најинтересното е што кога се линчуваше момакот јавно сите трубеа, сега кога се врти приказната никаде низ медиуми ја нема... Што праиме со лажните сведочења од другарките?
Убаво би било сочно да се казнат за лажење на полиција. За пример да стои.

И крајно време е Зеро да направи иницијатива за почитување на правилата за поминување на црвено светло.

А чекај, не е сигурно дали ќе се казнат?
Cogito ergo zoom

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29806
    • CARclub.mk
Колективно ја утињате поентата. Јас во ниту еден момент не го оправдувам дечкото што возел пијан, нити па тоа дека возел пребрзо. За тоа што бил пијан и возел брзо треба да си ги сноси сите последици, согласно законите.

Крив е.

Арно ама, тука работата е значително покомплицирана. Удрен е човек, изгубен е живот. Вештакот - повторно, потенцирам, вештакот, стручно лице, некој обучен и трениран за да даде стручно, објективно и непристрасно мислење - кажува дека примарната кривица е кај девојчето. Претрчала на црвено.

Нормално, повторно се напаѓа возачот, како и во секоја друга ситуација. Во ред е тоа, се навикнавме веќе да се демонизираат возачите и колите во сообраќајот, и ние да сме криви за све, дури и во ситуации кога не сме.

Како и да е, мене ми е криво и за изгубениот живот, и за последиците што ќе ги сноси дечкото што возел. Не е лесно да се носи на душа одземен живот, колку и да бил крив во конкретната ситуација.

Само, искрено се надевам дека тие што лажно сведочеле против него (а се докажало дека лажеле, согласно видео-снимките) ќе бидат соодветно кривично гонети. А може и он (или неговото семејство) приватно да ги тужи за нарушен душевен мир.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5086
Елементарни работи не се почитуваат 90% не даваат трепкач при вртење(денес ради таков замалце под тркала ќе влезев со мотор среќа што возев ултра споро и го пуштив моторот само да падне) а да не збориме па за брзината и за црвеното... Ова кај нас буквално никакво правило не важи во сообраќај а особено кога се шпицовите секој се однесува како он е најбитен другите кој ги... А за жал сето ова е многу лесно решливо.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Има ли некој тука што вози од оние илјадаркине тркачките мотори? Не знам дали е до моторот, или јас само на такви налетувам. Редовно без кацига и никако стоење на црвено, туку гледа лево десно и си проаѓа на црвено, и тоа дебело црвено.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5086
Имаш пациенти низ градов колку сакаш да не речам грото е такви како што викаш. Со кацигата нема да го видат кој е, другиве будали сме. Нема нивото ни е тоа за жал испод дното