Таа бочна испакнатина не е така ризична. Јас не се сеќавам тука да се дешавале сообраќајки. Како и да е си бара внимателност, а воглавно тука луѓево си пазат. Малце е зезнато да, се навалува колата на лево и кривина е. Тука одма после испакнатината има длабочка рупетина, пазете треба малце лево да бегате да не ја погодите, отиде бандажот.
Али мислам дека во таа околина намбр уан за незгоди е раскрсницата доле кај што се спојуваат автокоманда и железара и кај што се иде за фабриката. Тука пепел се праат. Само кружен тек е спасот тука и ништо друго. Широко е и има место за кружно текче.
Да објаснам на кратко како правилно функционира тоа место, по правила бидејќи тука поминувам безброј пати. Местото е широко и генерално прегледно меѓутоа заебано.
1. Тие што доаѓаат од фабриката и се движат во правец накај ветеринарното натака и металург игралиштето имаат предност пред сите останати.
2. Овие што доаѓаат од ветеринарното и металург а вртат лево накај железара имаат предност ама ги чекаат само тие што им доаѓаат од право, значи откај фабриката ако тие продолжуваат право, ако вртат тие лево истовремено се разминуваат. Друг случај, ако не вртат лево према железара и продужат право накај фабрика имаат предност пред сите и доколку тие од таму вртат лево.
3. Овие што се симнуваат од железара и одат право према средното гимназиско ги чекаат сите освен тие од право што доаѓаат од кај школото( ако тие вртат лево секако).
4. Ако од железара се спушташ и продужуваш десно погледнуваш лево и ги чекаш тие од фабриката што доаѓаат.
5. Тие што доаѓаат од средното панче арсовски ги чекаат сите( од лево и од десно) освен тие од право( ако тие вртат лево секако). Ако одат право си се разминуваат.
Делува збунувачки за луѓе што не ја знаат раскрсницата затоа и се дешаваат несакани работи.
Најчеста причина за незгода е точка 2. Тие некогаш знаат да се занесат и да им пресечат пат на оние кои доаѓаат од фабриката. Или точка 3, се симнуваат и сечат раскрсница без да погледнат.