Зависи каде е пикнато мачето и дали воопшто се плаши од колата. Обично кога се помали го немаат до тој степен осетот да бегаат од колата, туку во колата гледаат засолниште.
Лани имав слична дешавка, 2 жолти мачиња имав и тие ми се научија да спијат напред кај ладилникот кај опелот, се пикаа од под него и тука рамно имаше и милина за нив, од позади ладилник, од напред решетка и заштитени се. И увек пред тргнување проверувавме таму и секогаш ги наогавме.
Ама ете тогаш јас не проверив, седнувам во кола, палам и возам, и стигам докај подвожњак онде пред зелено пазарче, застанувам неколку секунди и се пали семафорот зелено, тргнувам и гледам во ретровизор жолто маче налево надесно и пребега преку улицата. И веке ми стана јасно дека биле во колата напред. Потоа се вратив од таму за едно 20 минути, не го најдов.
Вечерта таму накај 9 саат пак пројдов и го најдов кај подвозникот тука под ѕидот испикано.
А другото маче којзнае каде испаднало.