Денес гадна дешавка. Цел ден ми се лоши, два пати повраќав.
Излегувам од дома, влегувам во кола, палам и тргам. И кај мене на улица 5-6 секунди откако тргнав осеќам нешто ми тропнува од под хауба, после пола секунда со задното лево тркало згазнувам нешто, а гледам пред мене широк, прав и чист пат без ништо на него. Гледам во ретровизор жолтото маалско маче се препелка на сред улица. Од таму гледам комшијата со КИА Спортаж налетува, намалува брзина и поминува со двете тркала врз мачето. Застанувам, застанува и тој, го гледаме мачево, во кеса и во контејнер.
Баш ова што се надевав дека нема никогаш да ми се случи денес ми се случи. Си го згазнав маалското маче од априлската реколта, што си го ранев пред зграда и што доаѓаше стално кога ќе ме видеше

Се пикнало во моторот и само што тргнав пробало да излезе, ама ми слета под задно тркало.
