Пред некој саат асално се здробив на партизанска со точак. Одевме доста брзо односно 45-6 во моментот кога паднав. Имаше три среќни околности првата е што беше мокро и лизгав без да се издраскам, втората е што носев долги бициклистички и горе и доле па немам баш ништо на мене, а третата е што ја имав на глава кацигата зашто солидно акнав на земја. Причина за падот беше невнимание од моја страна во дел од секунда ни се заглавија воланите еден во друг со другарот што возевме. Оштетен е само шалтерот на мојот точак ама мислам дека се прави само ми треба течен метал за да го залепам делчето. Се на се задоволен од исходот.