Да биле со лимузина сигурно нема баш така да излетале од патот, а и да излеталее сигурно шансите да го преживеат ударот од воз ќе биле дарастично поголеми .
Ова ме потсетува на една слична ситуација која му се случи на таткото на еден мој пријател пред 15-тина години со Мерцедес 124. Некаде во истокот, излетал од пат и се удрил во воз кој се движел. Возел доста брзо и му пукнала предна гума. Патот, според нашите стандарди, бил со дупки и нерамен, така што човекот не успеал да го стабилизира возилото. Фактички како што кажуваше пријателот се се случило многу на брзина, дури да се свести што се случува веќе бил превртен Мерџанот. По увид на полиција, се испостави дека по ударот возот го шлепал мерцедесот речиси 100 метри а потоа мерцедесот се откачил и се превртел бочно. Од превртувањето човекот имаше само една скршеница, т.е. напукнато рамото и повеќе набиени места по нозете. Бевме да го гледаме мерцедесот, беше партали. Во тоа време чинеше побајаги пари. Знам дека потоа татко му го продаде моторот и ентериерот за делови за практично 60% од реалната вредност.