Јас никогаш нема да го заборавам такси хипикот што не возеше еднаш во средно. Играа МЗТ-Работнички, ние бегаме 2 задни часа за да стигнеме на утакмица. Надвор за такси, борба. Влагаме во една Пезетка, зелена, не ми текнува најсигурно ама мислам беше Компанија С. Типот забраден, внатре рока The Doors. Со другарив се гледаме у стил ии ама промена. Само што тргнавме и типов почиња муабети САД вс Русија. Ама муабети до забегување. Остај муабетите, туку вози со двете раце на волан, а свртен назад накај мене и едниот другар ко во цртан филм. А напред другиов се препотува и цело време му вика, кочи, пази, глеј, а таксистов А ДА. И имаше тогаш аналоген таксиметеар, на секоја дупка прерипуваше, ама јеби га, PEACE BROTHER.