Пред 1 час имав многу лошо ускуство, на враќање кон Кочани, пред мостот на Злетовица морав да поминам Пунто со неисправни стоп светла (воопшто не светеа) - заедно со комбе при што и двајцата се движеа со 55-60 км/ч.
Велам морав, дека возев позади исто како нив - прилично споро па секој (нормален) кога би ме претекнал би се забил во пунтото (кое е технички неисправно).
Уредно им сигнализирав дека ќе ги минувам, од спротива кола имаше дури после 4-5км напред, при што се решив да ги минам.
Во моментот кога бев паралелно израмнет со комбето, типот реши да забрза, колата од спротива нормално се наближуваше, а типот со пунтото се залепи за комбето = нема назад за мене >> назад во 4та гас (да го искористам турбото максимално) и упешно се вратив во лентата пред комбето 7-8 секунди пред да се разминам со колата од спротива...
По ова ќе инсталирам dashcam и ќе почнам да пријавувам технички неисправни возила, а претекнување 2 возила наденаш, ќе почекам некое време.