Многу се напиња за безвезе у секој можен форум и сите ја сносиме кривицата, некој повеќе некој помалку. Не мора да се корисити секоја прилика да се нападне некој бренд, не мора секој пат да го браниш беџот што го возиш на хауба ко сестра да ти опцуле. Нема совршена кола, никој не направил до сега такво нешто, не мора да се докажувате дека сте го направиле вистинскиот избор, секој има различна перцепција за добар избор и најбитното сите имаме различни финансиски можности, ама тоа не треба да ствара завист или комплекси или потреба да се докажуваш дека твоето е најдбро(оние што купиле поскапа кола да се понашаат надмено, оние што купиле поефтина да си го оправдуваат изборот).
Премногу лично се сфаќаат работите, неаме пари, неаме држава ко што треба, ама брате его имаме за извоз, лидери во светски рамки.
Не се обраќам конкретно на зеро или драјвер, туку кон цел форум, ради опелџии, волвовџии, волксвагенџии, ренаши ми се одмилуваат брендовите, ради киа/љунда ми и срам гетц што возам. Оладете малце, напрајте да ни биде на сите попријатно на форумов.
Алфистите намерно не се спомнати, они се посебна категорија, нив им се простуе, јеби га таква ѕвезда имаат, брендот им е симпатичен.
