Имало случаи и кога на бензинска се чека во колона од километар, а не па за полнач.
Имало, Фершпед 1992.
Бонови кога нѝ даваа?
))
Ту, бе, Ѕинго... колку недостига 
И Југопетрол 1983.
Изгледа не сте возеле низ Србија кога поминуваат турците од Германија кон татковината и обратно. На секоја бензиска има мин по 30 коли на секој диспензер за гориво, мора на автопат да застанеш ред да чекаш.
За било кој празник поседи 5 минути на излез на Макпетрол и види колку коли ќе поминат па замисли секоја од тие коли да треба да застане на пола саат наместо 5 минути....
И ова се само примери локално, а фрекфенцијата на возила во западните земји е далеку поголема од оваа овдека.
Така да прав си е Луки, не сакаш да треба со дете у кола на +40°С да чекаш саат време... веруј ми.
Многу убаво е да имаш електрично ауто за во град, ама поради исплатливоста и заработката сите сакаат да продаваат СУВови од 2 тона како еколошко превозно сретство.