Гориво се полни 2-3 минути, електрична кола се полни 1 саат. Една пумпа на бензиска полни 20 коли на саат, бензиските у главно имаат 4 пумпи минимум. Така да 80 коли на саат минимум се на бензиска. 20 коли за 1 саат не е исто со 1 кола за 1 саат 
Што не направат повеќе паркинг места во Скопје ако е толку лесно решението за овој проблем, затоа што буквално тоа треба да се направи, паркинг места на кои што има дополнителна опција да се полни.
Дополнително, мислиш лесно се прави мрежа за еден полнач од 100+kW, а да не збориме за 10+ на едно место?
Ајде...
1. Во Скопјево имаме (конзервативно) 50.000 возила. Сите 50.000 одат на бензинска во исто време? Нема ни сите електрични возила да се полнат во исто време. Не би бил изненаден ако во моментов има повеќе полначи него електрични возила и плаг-ин хибриди.
2. Батерија се полни еден саат. Да, така е. Ама финтата е да не ја полниш од 0 до 100% туку рецимо од 15% до 80%. Или да дополниш. Финтата е да не ја оставаш колата да се исцеди до нула, туку секој пат кога имаш можност да ја дополниш, да ја дополниш. Со новите коли и доволно брз полнач добиваш range од 100 км за 10 минути полнење. Сосем доволно да претрчаш до бензинска и да си купиш кроасанче и кокаколче и да си продолжиш со денот.
Како дополнување на овој муабет, повеќето (добри, пошто има и лоши) route планери што се дел од електричните возила, кога ти сугерираат рута за возење и полнење, користат алгоритам кој е „ако треба застани и повеќе пати и полни по пола саат, таман да се измочаш“ наместо „застани два пати и полни по 4 саати“. Баш заради тоа што полнењето на последните 20% е многу споро. Мислам дека Engineering Explained имаше видео баш за ова.
3. Не, не се прави мрежа за 100kW полнач лесно. Не е ни евтино. Ама не ни лесно ни евтино да се направи бензинска. А бензинските се прават прошливе 100 години, па сме дошле до оваа инфраструктура што ја има денес. Полека, тејк ит изи, ќе дојде и за електрични возила инфраструктурата на некакво подобро ниво.