Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2332518 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8152
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17505 на: 05 Март 2021, 10:55:28 am »
Топ, Скопје има полначи за 14 коли. Што правиме кога ќе има 1000 електрични возила?
Ќе те крене пајак ако полниш повеќе од 6 минути ;D

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3821
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17506 на: 05 Март 2021, 11:02:44 am »
Макпетрол,Лукоил одма ќе направат брзи полначи на нивните бензиски. Потоа супер-маркети кој имаат сопстевни паркинзи ќе го направат истото итн.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55031
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17507 на: 05 Март 2021, 11:03:48 am »
Потоа супер-маркети кој имаат сопстевни паркинзи ќе го направат истото итн.
Најважниот момент е тоа.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17508 на: 05 Март 2021, 11:18:20 am »
Сите 4 супермаркети што имаат сопствени паркинзи lol. У државна Рамче ќе ти наплаќа 50ден саат на пуњач, ако не му платиш, ќе ти гаси струја. Во Арачиново треба да се отвори станица со пуњачи....за локалното население беспари, а за останатите што имаат гз да пунат таму 50% попуст. Ќе биде и кај нас ајде, не губете надеж.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55031
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17509 на: 05 Март 2021, 11:22:50 am »
Сите 4 супермаркети што имаат сопствени паркинзи lol. У државна Рамче ќе ти наплаќа 50ден саат на пуњач, ако не му платиш, ќе ти гаси струја. Во Арачиново треба да се отвори станица со пуњачи....за локалното население беспари, а за останатите што имаат гз да пунат таму 50% попуст. Ќе биде и кај нас ајде, не губете надеж.
Па инаку на макпетрол ќе дремеш со саати. Поентата е што не треба резервоари и свашта и други бизниси (освен бензински) може да ти нудат "гориво". А успат да те ќарат како муштерија.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20141
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17510 на: 05 Март 2021, 11:54:17 am »
Топ, Скопје има полначи за 14 коли. Што правиме кога ќе има 1000 електрични возила?

Истото што го направиле пред 100 години кога имало само една бензинска пумпа. Направиле нови.

Стварно не ми е јасно зошто е толку тешко да се разбере ова.
Гориво се полни 2-3 минути, електрична кола се полни 1 саат. Една пумпа на бензиска полни 20 коли на саат, бензиските у главно имаат 4 пумпи минимум. Така да 80 коли на саат минимум се на бензиска. 20 коли за 1 саат не е исто со 1 кола за 1 саат :)

Што не направат повеќе паркинг места во Скопје ако е толку лесно решението за овој проблем, затоа што буквално тоа треба да се направи, паркинг места на кои што има дополнителна опција да се полни.

Дополнително, мислиш лесно се прави мрежа за еден полнач од 100+kW, а да не збориме за 10+ на едно место?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10143
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17511 на: 05 Март 2021, 12:05:24 pm »
Оти сте толку скептични?
Се сеќава некој како беше состојбата со ТНГ пред 20 и кусур години

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29749
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17512 на: 05 Март 2021, 12:08:17 pm »
Гориво се полни 2-3 минути, електрична кола се полни 1 саат. Една пумпа на бензиска полни 20 коли на саат, бензиските у главно имаат 4 пумпи минимум. Така да 80 коли на саат минимум се на бензиска. 20 коли за 1 саат не е исто со 1 кола за 1 саат :)

Што не направат повеќе паркинг места во Скопје ако е толку лесно решението за овој проблем, затоа што буквално тоа треба да се направи, паркинг места на кои што има дополнителна опција да се полни.

Дополнително, мислиш лесно се прави мрежа за еден полнач од 100+kW, а да не збориме за 10+ на едно место?

Ајде...

1. Во Скопјево имаме (конзервативно) 50.000 возила. Сите 50.000 одат на бензинска во исто време? Нема ни сите електрични возила да се полнат во исто време. Не би бил изненаден ако во моментов има повеќе полначи него електрични возила и плаг-ин хибриди.

2. Батерија се полни еден саат. Да, така е. Ама финтата е да не ја полниш од 0 до 100% туку рецимо од 15% до 80%. Или да дополниш. Финтата е да не ја оставаш колата да се исцеди до нула, туку секој пат кога имаш можност да ја дополниш, да ја дополниш. Со новите коли и доволно брз полнач добиваш range од 100 км за 10 минути полнење. Сосем доволно да претрчаш до бензинска и да си купиш кроасанче и кокаколче и да си продолжиш со денот.

Како дополнување на овој муабет, повеќето (добри, пошто има и лоши) route планери што се дел од електричните возила, кога ти сугерираат рута за возење и полнење, користат алгоритам кој е „ако треба застани и повеќе пати и полни по пола саат, таман да се измочаш“ наместо „застани два пати и полни по 4 саати“. Баш заради тоа што полнењето на последните 20% е многу споро. Мислам дека Engineering Explained имаше видео баш за ова.

3. Не, не се прави мрежа за 100kW полнач лесно. Не е ни евтино. Ама не ни лесно ни евтино да се направи бензинска. А бензинските се прават прошливе 100 години, па сме дошле до оваа инфраструктура што ја има денес. Полека, тејк ит изи, ќе дојде и за електрични возила инфраструктурата на некакво подобро ниво.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17513 на: 05 Март 2021, 12:14:29 pm »
Јас сум скептичен за цените и достапноста за широките маси и столови,
но, што се однесува до инфрастуктура земете ги предвид неколку локални гиганти како Шити Мол и Веро.

Само во Шити Мол за кратко време би можеле да постават едно чудо полначи во гаражата.
Едноставно им се може. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10979
  • 430i
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17514 на: 05 Март 2021, 13:35:37 pm »
јас не сум видел на бензиска некој да паркира туарегот пошто таму имало слободно место, ама сум видел еден куп паркирани на местата со полначи

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29749
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17515 на: 05 Март 2021, 13:40:00 pm »
За жал, тоа е реален проблем. Ама полека, ќе биде и тоа... Еднаш ми се случи да треба да стаам кола на полнач, да има кола. Само што се провртев, дојде дечкото што беше негова колата, се извини, ја премести. Вториот пат кога ми се случи (на друг полнач) причекав 10-тина минути, не се појави сопственикот, викнав пајак. Едвај чекаат, нормално.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20141
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17516 на: 05 Март 2021, 14:00:18 pm »
Значи сега доаѓа и до класна поделба, тие со електрични ќе им викаат пајаци на тие без. А паркинг местата се ограничени. Уште еден проблем.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29749
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17517 на: 05 Март 2021, 14:22:34 pm »
Леле глупости, до класна поделба стигнавме. Не е до класна поделба. До сељак/несељак е.

Повели пример:



Празен беше паркингот. Празен. Ама тој со Це-Елизето беше паркиран на едното од двете места резервирани за полначот. Сељак.

Ако паркираш кола на место на кое не треба да паркираш, колата ќе ти биде отстранета. Местото до полначот не е наменето за тебе. А ако веќе ти е нагласено и гледаш дека не е наменето за твоето возило, а ти сепак тераш инат и со умисла се паркираш, сељак си. Исто како што не е наменета за паркирање ни зелена површина, ни велосипедска патека, ни ништо слично такво.

Ќешки да има до сите паркинг места полначи, па да не барам посебно место со полнач, него сите да бидат за сите. Ќешки.

Едит: Сум бил и јас сељак. Сум паркирал на трева и тротоари. Ама сум научил дека не треба така, и не го правам тоа веќе. Ете, ќе се случи апсолутно истото и со паркирање пред полнач.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20141
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17518 на: 05 Март 2021, 14:31:22 pm »
Ќе го продолжиме муабетот за 10 години. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29749
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17519 на: 05 Март 2021, 14:57:02 pm »
Види, јас апсолутно се согласувам со тебе дека проблемот постои. Финтата е да успееме сите заеднички да го надминеме.

Секако дека е далеку од идеално. Веќе имаме сериозен проблем со паркинг, јас сум прв што ќе го каже тоа. Ем нема доволно паркинг, ем сме сељаци. Прв пример за тоа ми е парк, минатиот викенд. Хаос. Испобутани коли на улицата покрај Балканика, испозаглавени, све... А нааааааааааааа толкав паркинг кај Борис Трајковски, само треба да се пооди уште 5 минути. Ама не...