Синоќа малку повозев Аlfa Romeo GT 2.0, од „Газела“ по булеварот до раскрсницата кај „Усје“ и назад. Беше унутра кожа и дугмиќи на воланот.
Кола ко кола. Фино, ама не дека нешто се подмочав. Тврдичка суспензија и тоа ми се свиѓа - сакам да имам фидбек одоздола. Осетот на воланот и мењачот ми беше онака, кола ко кола. Уствари мењачот малце млохав, без некоја фина дефиниција. Исто и одазивот на папучата за гас - малце „кашест“.
Она што ме изненади беше буката на моторот унутра. Можда пошто е релативно стара колата (околу 10 години). Кокошарникот, и покрај тоа што е дизел, е потивок внатре (од надвор не е потивок).
Во секој случај, фино количе. Да е моја не би ја мењал, би ја одржавал и би си ја возел. Од 1 до 5 давам тројка, ајде три плус ради значката и историјата на брендот.