Автор Тема: Европски пасоши и странско државјанство  (Прочитано 136981 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #765 на: 08 Февруари 2024, 07:12:29 am »
Јас имам вкупно пет пати одено на интевју во Американска амбасада во три држави и секогаш добивано виза. Интервјуто траело околу една до две минути. Еве оваа година во Април ќе одам по шести пат за да ја продолжам визата. Секогаш било без да имам човек во Америка да ми гарантира за нешто.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #766 на: 08 Февруари 2024, 08:58:31 am »
првиот пат е критичен и лотарија
понатаму не е проблем да се извади/продолжи

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #767 на: 08 Февруари 2024, 10:33:13 am »
@balanar Такви еден куп со грчи пасоши не знам јас досега, знам два тројца,имаат некој лични карти, еден има пасош , повеќето се власи се  влечкаа во грчките друштва цел живот, другар имам има баба ама гркинка права била од Крит, има таква некоја лична карта , пасоши немаат дома.
А дека на егеец ќе му даат грчки документи, шо до пред 20 години не даваа  виза и со виза враќаа на граница, тоа незнам како би одело.
 Ако даваат така пасоши,цела Битола и сите погранични со двојни држављанства ќе бевме. Ќе  треба после и имот да  враќаат одземен со денационалиизација, затоа мислам мало морген таа работа, али ете нека си проба, баш сподели овде шо би бил исходот ако некогаш ти текне.

Кога ќе одиш со копија од матична книга на родени од Лерин, шо ќе ти речат? Ааа не можи?

Кај нас прпа оти Грците бараат војска да служиш. Треба специјална дозвола да добиеш ама тогаш не смееш повеќе од шест месеци да живееш во Грција иначе ќе одиш војска

Второ, бараат јазик и тука е малку хендкеп.

Трето треба да си со крштениче од црква. Грција не е секуларна држава.

Иначе причината зошто нема многу со грчко државјанство е дека до пред 10тина години, Грција не дозволуваше двојно државјанство.

Иначе Бугарија уште на времето си добила обештетување од грчката национализација. Си потпишале договор и луѓето биле исплатени.Пред брзо го разбрав ова

Грција е секуларна држава.
Грција не дава државјанства лесно или воопшто не ги дава.
Не дава ни Хрватска.

За двете наведени држави важат истите правила/закони за државјанство но двете многу различно ги толкуваат, поточно, Хрватска се држи до правилата а Грција како и за се друго се води од правото на некој да му даде државјанство или на некого да не му даде затоа што така сака, без разлика тој некој дали ги исполнува условите или не.
Од прва рака пример за двете држави ќе ви кажам. Жена ми има хрватско државјанство врз основа на х. државјанство на мајка и кое го извадила врз база на нејзиниот татко кој е хрват. Автоматски пред некој ден му извади и на син ми. Е сеа многу битна работа е тој што ќе биде прв значи во случајов дедото да биде жив. Имено, братучетката на жена ми, која што се изјаснува за хрватица, носи хрватско презиме и тн.. не може да добие државјанство зошто татко и (синот на дедото хрват) не бил ажурен и не извадил на време а сега не може зошто дедото е умрен.
Од прилика истово важи и за Грција, значи џабе изводи на родени и такви ствари ако тој не е уште жив. Е сеа кај грците важи правилото чекај да те видам па ќе ти кажам дали може. Секако не може преку дедо туку преку родител. Познавање јазик и историја (и за гр и за хр) потребно е за тие што сакаат да го стекнат државјанството по други основи различни од потекло, значи по основ на инвестиции, долг престој, брак итн..
Двојно со ХР имаме а со Грција во моментот кога јас ги бркав работите немаше за сега не сум сигурен ама 99% мислам дека сеуште нема.

ЕДИТ: Војска за Грција над 30 години не важи.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #768 на: 08 Февруари 2024, 10:54:46 am »

Ќе те поправам за повеќе работи:

Секако не може преку дедо туку преку родител.

Не мора родител, може и дедо, прадедо. Роднини на девојката имаат извадено државјанство од луѓе починати доста поодамна пред тие и да се родат.

Двојно со ХР имаме а со Грција во моментот кога јас ги бркав работите немаше за сега не сум сигурен ама 99% мислам дека сеуште нема.

Двојно државјанство е дозволено во Грција, реципроцитетно - и кај нас исто.

https://leptokaridou.com/en/greek-citizenship/greek-dual-citizenship/

Цитат
Yes. the law in Greece allows for Greek dual citizenship, provided that the same possibility is guaranteed in the country of which you are currently a citizen.

Војска за Грција над 30 години не важи.

Од америчката амбасада во Грција:
https://gr.usembassy.gov/u-s-citizen-services/local-resources-of-u-s-citizens/military-obligations/#:~:text=Greek%20males%20between%20the%20ages,or%20lives%20outside%20of%20Greece.

Цитат
Greek males between the ages of 19 and 45 are required by Greek law to perform military service.  This applies to any individual whom the Greek authorities consider to be Greek, regardless of whether the individual considers himself Greek, has a foreign citizenship and passport, or was born or lives outside of Greece.

За Хрватска:

Баба ми е родена во Хрватска (татко Хрватин, мајка Македонка од Штип), меѓутоа никогаш не побарала, ниту почнала процедура, иако има документи (крштеница, извод од матична книга на родени):

Сестра и (исто родена во Хрватска) извади државјанство пред десетина години на основ на татко и + што е родена таму.
Татко им загинува во Втората светска војна (баба ми не го ни запознава), па потоа мајка им (заедно со нив) се враќаат во Штип.
Хрватите имаа некои олеснителни измени во законот за државјанство пред 2-3 години ако не се лажам, па мислам дека сега е доста полесно да се извади државјанство за оригиналниот барател + потомците.
« Последно менување: 08 Февруари 2024, 11:13:23 am balanar »

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #769 на: 08 Февруари 2024, 10:57:23 am »
Нема шанси некој од нашиве што избегале па и легално што дошле во Југославија од Грција да добие грчко дрвјанство. Баба ми што била родена и порасната во Грција, како тинејџер дошла во тогашна Југославија, притоа легално поминувајќи ја границата со пасош, грците повеќе не ја пуштија да се врати назад.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #770 на: 08 Февруари 2024, 11:14:57 am »
Нема шанси некој од нашиве што избегале па и легално што дошле во Југославија од Грција да добие грчко дрвјанство.

Не го разбирам овој дел.
Предците на девојката што дошле тогаш во Македонија/Југославија и се ожениле/омажиле - имале грчко државјанство веќе.

Ова е многу години пред граѓанската војна во Грција (1946-1949), не ги мешајте избеглиците со ова што јас го дискутирам.
Зборам за период 1920-1930, па и порано. Баба и на девојката е родена 1949-та, нејзината БАБА била Гркиња, доселена во Македонија доста пред пребегувањата.
Дедо и на девојката бил роден 1947-ма, мајка му била Гркинка, исто доселена доста пред 1946-та.
« Последно менување: 08 Февруари 2024, 11:22:15 am balanar »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #771 на: 08 Февруари 2024, 11:21:16 am »
Нема чоек да остани во Битола, Струмица, Гевгелија, сите ќе беа претопени во грчки европјани :D
Може вака во теорија, да може има осниов, ама важи она на Микси , да те видам
ќе ти кажа. Баш твојата папка ќе се погоди за потпирање кога нишала масата, и ќе се пролонгира малце така :D
Edit :си зборел за друг период, тоа незнам можи да е можно, ма на со нашите односи, тешко, побрзо бугарски ќе се снајде да извади.
Чек малце ,прабаба  и била гркинка уствари, баба и нема никакви грчки документи, и се а три поколенија потаму , таа бара грчки документи ?
« Последно менување: 08 Февруари 2024, 11:26:22 am vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #772 на: 08 Февруари 2024, 11:26:15 am »
Од прилика истово важи и за Грција, значи џабе изводи на родени и такви ствари ако тој не е уште жив. Е сеа кај грците важи правилото чекај да те видам па ќе ти кажам дали може. Секако не може преку дедо туку преку родител. Познавање јазик и историја (и за гр и за хр) потребно е за тие што сакаат да го стекнат државјанството по други основи различни од потекло, значи по основ на инвестиции, долг престој, брак итн..
Двојно со ХР имаме а со Грција во моментот кога јас ги бркав работите немаше за сега не сум сигурен ама 99% мислам дека сеуште нема.

ЕДИТ: Војска за Грција над 30 години не важи.

Ќе те поправам за повеќе работи:

Секако не може преку дедо туку преку родител.

Не мора родител, може и дедо, прадедо. Роднини на девојката имаат извадено државјанство од луѓе починати доста поодамна пред тие и да се родат.

Двојно со ХР имаме а со Грција во моментот кога јас ги бркав работите немаше за сега не сум сигурен ама 99% мислам дека сеуште нема.

Двојно државјанство е дозволено во Грција, реципроцитетно - и кај нас исто.

https://leptokaridou.com/en/greek-citizenship/greek-dual-citizenship/

Цитат
Yes. the law in Greece allows for Greek dual citizenship, provided that the same possibility is guaranteed in the country of which you are currently a citizen.

Војска за Грција над 30 години не важи.

Од америчката амбасада во Грција:
https://gr.usembassy.gov/u-s-citizen-services/local-resources-of-u-s-citizens/military-obligations/#:~:text=Greek%20males%20between%20the%20ages,or%20lives%20outside%20of%20Greece.

Цитат
Greek males between the ages of 19 and 45 are required by Greek law to perform military service.  This applies to any individual whom the Greek authorities consider to be Greek, regardless of whether the individual considers himself Greek, has a foreign citizenship and passport, or was born or lives outside of Greece.

За Хрватска:

Баба ми е родена во Хрватска (татко Хрватин, мајка Македонка од Штип), меѓутоа никогаш не побарала, ниту почнала процедура, иако има документи (крштеница, извод од матична книга на родени):

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Сестра и (исто родена во Хрватска) извади државјанство пред десетина години на основ на татко и + што е родена таму.
Татко им загинува во Втората светска војна (баба ми не го ни запознава), па потоа мајка им (заедно со нив) се враќаат во Штип.
Хрватите имаа некои олеснителни измени во законот за државјанство пред 2-3 години ако не се лажам, па мислам дека сега е доста полесно да се извади државјанство за оригиналниот барател + потомците.

2016 год во Хрватска амбасада се распрашував исто за држављанство одев по тоа дека дедо ми служел војска во хрватска па татко ми па на таа основа неможев да извадам бидејки тогаш било Југославија  , ми побараа еден од родители да е хрватски држављанин во овој случај ако татко ти е хрват без проблем ке си земеш држављанство на основ татко хрват отиди до амбасада ако добро разбрав татко ти е хрват така?  ке проверам во мејл што имам комуникација и ке ти проследам инфо

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #773 на: 08 Февруари 2024, 12:21:06 pm »
Не реплицирам да не се усложни постот.
За Хрватска. Сеа баш разговарав со жена ми за ова за да бидам точен да не тресам како сум разбрал јас. Проблем е ако бараш над 18 години кога си. Триста документи и докази ти требаат по разни основи кои не ги бараат ако си малолетен.
За Грција како што кажав. Прилично хаотично е и многу тешко но не невозможно. За двојното државјанство реченицата не се конта како што треба. Можеш да имаш двојно ако веќе имаш грчко. Во моментот кога вадиш грчко треба да се откажеш од постоечкото.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #774 на: 08 Февруари 2024, 12:32:22 pm »
За Грција ако некој го интересира можам да ја објаснам цела процедура некој ден.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5903
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #775 на: 08 Февруари 2024, 13:04:36 pm »
Седиштава милина.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #776 на: 08 Февруари 2024, 13:53:33 pm »
Можеш да имаш двојно ако веќе имаш грчко. Во моментот кога вадиш грчко треба да се откажеш од постоечкото.

Ова не е точно.

Ти можеби кога си терал процедура било така. Сега дозволуваат двојно државјанство и во случај кога второто државјанство е грчкото.

Сајт на адвокатска фирма од Солун:
https://leptokaridou.com/en/greek-citizenship/greek-dual-citizenship/

Јас знам барем 2-ца што имаа само македонско, сега се со двојно. 100% проверено.
Исто така, газдарицата на едно сместување во Тасос  е мажена со англичанец и има дете. Детето првично имало само англиски пасош, па сега е со двојно државјанство (заради Brexit). Ја прашав пред некој ден кога земав да се распрашувам.

П.С Мене ме интересира процедурата, напиши кога можеш.
« Последно менување: 08 Февруари 2024, 14:05:26 pm balanar »

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #777 на: 08 Февруари 2024, 15:03:12 pm »
Ок може сега е вака и не е постаро од 2-3 години.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #778 на: 09 Февруари 2024, 16:28:59 pm »
Микси изваде пасош грчки, да не чека редици за северен.  ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #779 на: 09 Февруари 2024, 21:36:10 pm »
Грците даваат пред се државјанство за оние во Америка и Австралија.

По тој основ нема шанса веќе да ги условуваат. Помина тоа време.

Иначе даваат државјанства и на борци од Граѓанската.

Петар Статев (Стати) од Битола на 90 години извади 😄 пред 15-16 години (почина 2011).

Ми ја кажуваше целата приказна и беше доста смешна.

Нешто Микси што кажува, ама стариов им извал воена книшка дека бил командир во грчката армија во Втора светска војна. После бил дел од КПГ/ДАГ.

За 24ч добил државјанство по жалбата дека бил одбиен. Дур бил во Атина, на свои 86-87 години така нешто. Не го заборавам тој човек. Легенда!

Има многу интересни примери. Кој полесно, кој низ нос им го извале добивањето.