Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2388523 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6861
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14355 на: 07 Април 2026, 01:40:07 am »
Има и вакви исклучоци понекогаш.
https://www.instagram.com/reel/DWjaPmejPRx/?igsh=MWN2OWd3em5scXA4ag==

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14356 на: 07 Април 2026, 07:10:26 am »
Државава е заглавена во небулози.
Една од небулозите е полисата што ја вадиш на 10ти во да речеме во 11:00, и целосната документација да се бележи на 10ти, а всушност осигурувањето да почне да важи по полноќ, односно од 11ти.
Фактички, 13 часови со "нерегистриран" доколку направиш сообраќајка.

Друга небулоза е непокривањето на работното време на центрите за регистрација со претставник на МВР.
Сообраќајната е документ издаден од МВР кој на едно парче хартија потврдува постоење валидна полиса и извршен технички преглед при што е констатирана техничка исправност на возилата, и платени сите давачки поврзани со регистрацијата на возилото, и дека е заведена во регистарот на МВР, скратено регистрирана.
Едноставно мора да има лице кое ќе ја заокружи постапката на регистрација во истиот ден.

Пример, сопругата 10 дена пред истек на регистрација, за 5 минути го испушти службеникот. Компликација настана поради тоа што мораше да замине во странство на 3 недели, а нели мора лично сопственикот за печат.
Кога се врати ја натераа да вади нова полиса со нов датум, а можеше едноставно да удрат печат со стариот датум.
И доаѓаме до едно можно сценарио дека сопственикот нужно не мора да поседува возачка дозвола, може да најми возач кој не смее да ја вози колата поради слична ситуација.
Второ сценарио, колата има валидно осигурување, но не се вози и стои паркирана, пијаница ја зденува, зарем поради тоа што нема печат во сообраќајната и не е регистрирана нема да подлежи на процена на штета?

Да заокружиме, нерегистрирана кола не значи дека колата не е технички исправна, ниту значи дека не е осигурана, само дека не е регистрирана во регистарот на МВР.
Печатот во сообраќајната и самата сообраќајна потврдуваат исполнети претходнит услови за регистрација, и намалуваат папирологија на увид на службените лица при вршење контрола.

Ама јас сум МВР, јас сум Бог и батина.

Не мора лично, може да се даде полномошно за регистрација.
Хмм, кога прашав на шалтерот на МВР дали со полномошно може са се избегнат слични идни ситуации, ми одговори НЕ, мора сопственикот со важечка ЛК да се појави. Не ми текна да се посомневам,

А има мал милион сценарија, како да речеме поради отклонување тех. неисправност, да се завршува регистрирањето во последен ден на важноста на претходната регистрација, а р отното време на МВР завршило и остануваш без печат.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3406
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14357 на: 07 Април 2026, 08:50:01 am »
Микиус даде уште едно сценарио за она што ви го зборам цело време. Платено осигурување и минат технички не означува регистрирано возило додека истото не влезе во системот на мвр.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7206
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14358 на: 07 Април 2026, 09:13:27 am »
Наравоучение, да си проверувате сообраќајна пред да го напуштите објектот, оти после има дупење.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3406
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14359 на: 07 Април 2026, 09:21:56 am »
На мене ми имаат згрешено извод од матична книга на родените. 2 пати по ред дури и вториот пат со поправката беше пак грешен и по трет пат ми го издаваа. Да не беше трагично дури и смешно ќе беше.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2358
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14360 на: 07 Април 2026, 09:23:47 am »
На мене ми имаат згрешено извод од матична книга на родените. 2 пати по ред дури и вториот пат со поправката беше пак грешен и по трет пат ми го издаваа. Да не беше трагично дури и смешно ќе беше.

На пријатели им ги утнаа презимињата во венчаница... не е тоа ништо ново. Особено кога пола од тие што работат таму се неписмени.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14361 на: 07 Април 2026, 15:47:28 pm »
Затоа и ќе си научиш, со државни институции особено, секогаш да си проверуваш што ти пишале на документите одма после нивното издавање.

Не се сеќавам кој беше на форумов, му имаа утнато дата на регистрација при обновување. Не ми текнува ич у пм.

Мене ми утнаа. Купувам кола во август со истечена регистрација, вадам пробни таблици, ја носам во Охрид. Одам на технички, ги поминувам сите процедури.

После месец дена, на 18ти септември, тргнувам до Лерин. На граница полицаецот “Господине возилово не ви е регистрирано.“, ја гледам сообраќајната, датум на истек на важност на регистрацијата пишан 13ти септември. А на технички бев во август. Среќа полицаецот на граница виде дека е туѓа глупост (и осигурувањето и зелениот картон и се ми беше со датум до август наредната година). па добив “ќе ја кренам рампава, врати се назад, дури и да те пуштам јас, грците ќе ти направат проблем“ иако имаше право да ми пишит казна за обид да напуштам држава со нерегистрирано возило.

Се враќам наредниот ден на шалтерот на МВР, и добив “Еве, некогаш била заведена до 13ти септември и така сум пишала и јас. Кој ви е крив ко не проверувате документи“.

Од тогаш double, triple, па и quadruple check на документи, пошо очигледно во ред е таа една единствена работа шо ја имаат на шалтер да ја згрешат, ама не е во ред јас да не проверам и да си заминам. 

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8240
  • Плинаш!!!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14362 на: 07 Април 2026, 15:51:06 pm »
Мене лани во псс полицаецот заборави потпис негов да стави, ама за среќа приметив одма, уште на шалтер па 100 пати ми се извини ама се контам зашто толку пати се извини.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен ivanduk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14363 на: 08 Април 2026, 21:50:30 pm »
Од 1ви февруари наводно се одговаралало кривично доколку совозачот бил под дејство на алкохол, знае некој нешто за ова и каде можам да проверам?
Според кој закон? Има нешто од ова во новиот закон? Ако не, само мрсел муда

Тогаш кога барав, го најдов само ова:

(1) Во патнички автомобил, на предното седиште не смее да сепревезува дете помало од 12 години, ниту лице кое очигледно епод дејство на алкохол, дрога или други психотропнисупстанции.

Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршоченплатен налог со глоба во износ од 35 евра во денарскапротиввредност
ќе му се издаде
на возачот кој постапуваспротивно на одредбите од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овојчлен.

138. „Очигледно под дејство на алкохол“ е учесник во патниотсообраќај чие однесување е непримерно заради присуство наалкохол во организмот;


Така што, со оглед на тоа што јас на совозачко седев и си гледав во телефон и не го ни регистрирав се додека не ми се обрати на мене, а ниту урлав во кола пред да не застанат, ситуацијата се сведува на тоа дека потрошија 15 минути од наше и нивно време затоа што се надеваа дека "не фатиле" и дека ќе си исполнат квота и дека имаат елементарно непознавање на законот што го спроведуваат.