Над миљонче? Кога стигнавте? Со колку мотори?
Не ние. Татко ми помина околу 150.000 во 5те години што ја имавме, бизнисот што го имаше тогаш бараше најмалку 4 пати да се оди во Скопје по роба.
Иначе не ја знам точната километража зошто бројчаникот се расипал на 730.000 неколку години пред да ја земеме.
Милионче имаше гарант.
Само што ја зедовме татко ми отиде во Грција и се врати со полн гепек резервни делови, голем дел сеуште ги имам ама нема на кој да ги поклонам, зошто досега сум видел само две други такви Тојоти во Македонија (една е во Волково, се мислам да спакувам се во еден пакет и на хауба да му го оставам.
Во тие делови имаше и нов брзиномер со нов километражник кој почна од 0 и заврши на 150.000+ после 5 години.
П.С. Прв и единствен мотор. Не стигнавме дихтунзи да смениме за да не тече масло од сите страни. Ако се сменеа дихтунзите, уште 300.000 без апсолутно никакви проблеми ќе тераше механиката.