Автор Тема: Кои и колку возила сте управувале?  (Прочитано 87196 пати)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Кои и колку возила сте управувале?
« Одговори #345 на: 23 Август 2014, 16:02:55 pm »
И 6.5 на отворено по знаци

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6925
  • French diamond
Одг: Кои и колку возила сте управувале?
« Одговори #346 на: 23 Август 2014, 16:05:59 pm »
инаку Никола не драпај МАДИЊА тој мерцедес е далеку подобар од твојата а богами и мојата таратајка .

Абе ги гибам малце, гледаш се палат ко мајмуни на банана (без навреда) ;D Само за то е форумот во последно

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Кои и колку возила сте управувале?
« Одговори #347 на: 23 Август 2014, 16:07:14 pm »
И 6.5 на отворено по знаци

6.5 на отворено по знаци + 10 :)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг:
« Одговори #348 на: 23 Август 2014, 16:09:04 pm »
krell не ти го разбрав коментарот

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Кои и колку возила сте управувале?
« Одговори #349 на: 23 Август 2014, 16:10:06 pm »
krell не ти го разбрав коментарот

Ма се зезам.. Нели во измерена потрошувачка сите возиме по знаци + 10 или 20 км/ч (Односно од  брзината на знаците + 10 или 20 км/ч :) )


Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг:
« Одговори #350 на: 23 Август 2014, 16:13:44 pm »
да ама ова беше баш по знаци Берлин Гевгелија 6,3 покажуваше на борд. Гвг - Скопје и назад цело време 130 на темпомат покажа 7,1

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Кои и колку возила сте управувале?
« Одговори #351 на: 23 Август 2014, 16:19:27 pm »
да ама ова беше баш по знаци Берлин Гевгелија 6,3 покажуваше на борд. Гвг - Скопје и назад цело време 130 на темпомат покажа 7,1

Најмеродавно е да се тргне со полн резеорвар, и да се наполни до врв пак на крај и израчуна колку е потрошоено. И мене ЦР-В то ми покажа на борд кога се враќав од Лефкада летово 7.45 по борд, ама у реалност кога измерив беше 8.74 л/100

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг:
« Одговори #352 на: 23 Август 2014, 16:21:36 pm »
ти имаш некој проблем, јас со фокусот до берлин 7,2 по борд а 7,3 по пресметки

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Кои и колку возила сте управувале?
« Одговори #353 на: 23 Август 2014, 16:29:35 pm »
ти имаш некој проблем, јас со фокусот до берлин 7,2 по борд а 7,3 по пресметки

Немам проблем, ама бордот го земам орентационо. За реална потрошувачка земам тоа што ќе израчунам. Инаку веројатно може да се случи првото полнење да не било скроз до крај, а второто до крај па да испадне разлика, ама затоа земам просек од одреден број поминати километри.

Него ме интересира.. Како што знам колата ти е на плин.. Зашто до Берлин си возел на бензин?

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг:
« Одговори #354 на: 23 Август 2014, 16:32:00 pm »
тоа беше пред неколку години, плин ставив на 103.000 пред 3 месеци

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6861
  • Бенве сие бенве
Одг: Кои и колку возила сте управувале?
« Одговори #355 на: 23 Август 2014, 17:02:17 pm »
Што сум возел...

1во возило ми беше Опел корса Б 1.5тд исузу, 99год купена од италија 2005та со околу 100 000 на тахо, со него околу 180 000км поминати, за околу 6год, со оглед на тоа дека ми беше прва кола ја чував ко очите се додека еден циго со фиат тристаќ носејќи го накај отпад не ме собра од страна и ми го скрши количето а и срцето.
мана на таа кола е што не е многу стабилна, алтернаторот мораш да го замениш после секој втор обилен дожд (поставен е доле ниско кај тркалото па се полни со вода), немав дефекти, уље мењање дури и пред време, се на се солидна количка

2ро возило поло 9н 2003та 1.4 бензин 2 врати, купено 2011 од дупница со околу 120 000км на тахо со скоро највисоката опрема за поло, му ставив и плин 75нр очаен мотор, не оди па да го молиш, околку 3год и 90 000км поминати со него, продадено 3000еур регистрирано со зелен картон 4нови мишелин гуми, нова ламела, нов сет каиши затегачи и водна пумпа само за да не ме нервира повеќе. маана му беше шампањ боја ентериерот кој што не е за прашинава кај нас, слабиот мотор, и хидроподизачи кои што си тропаа бетер од дизел. предност цврстина и стабилност, да беше некое цитроенче или рено одамна ќе имаше изгубено тркало во некоја дупка :) таа кола ме копшташе околу 7000еур се на се, чист промашај, 1.4 никогаш повеќе...

3та кола бмвто што ми е преставено овде, ќе видиме како ќе се покаже


коли кои што не се мои а сум ги возел, не рсачунам тоа што имам препаркирано Q7 и поминато некои 200метри со него, зборам за возење 1000+км

Мерцедес ц220цди 2002, добра кола, слаб мотор 143хп, лично мене не ми се допаѓа начинот на седење и големиот волан,

рено клио 1.9 околу 2000та год обичен дизел комерцијално возило, магаре од кола, газење колку што се може и неможе, малку трошеше дефект скоро никаков ако ја исклучиме електрониката, понекогаш товарано дупло од дозволеното околу 40 000км за една година со него,

пежо 206 1.4 хди не сум нешто воодушевен, освен од потрошња

цитроен ц2 1.4 хди втр пакет, одлично количе за почетник со мал буџет за нафта :)

голф 5 караван, 1.9тди 2008 тој е на брат ми, околу 7000км со него, одлично возило, му фали 2.0тди дури и се мислев да земам кратка 5ка, поради возните својства,

форд ескорт пикап службен, кошмар 1.8 обичен дизел без серво и 90% неисправен и нагризан од кариес :)
« Последно менување: 23 Август 2014, 17:21:57 pm MAPJAH »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6675
Одг: Кои и колку возила сте управувале?
« Одговори #356 на: 23 Август 2014, 17:44:11 pm »
1.4 никогаш повеќе...
Дојди кај мене да го провозиш 1.0 праисторискиот мотор, па има инстантно да си го засакаш пак тој 1.4 мотор во полото ;D

Присутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3892
Одг: Кои и колку возила сте управувале?
« Одговори #357 на: 23 Август 2014, 17:50:22 pm »
Пасатот го немаш ли пробано убаво ? :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6861
  • Бенве сие бенве
Одг: Кои и колку возила сте управувале?
« Одговори #358 на: 23 Август 2014, 17:53:09 pm »
Пасатот го немаш ли пробано убаво ? :)

Пасатот не сум го ни видел како што треба, нешто сум со обврски и немам време, 5 пати го прашам што мотор има и незнае да ми каже, сакам да го земам да го провозам да видам како ќе се покаже

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: Кои и колку возила сте управувале?
« Одговори #359 на: 23 Август 2014, 17:54:40 pm »
1.4 моторот во Поло е навистина слаб до 3500 вртежи. Но тоа е и поентата. Тој мотор треба да е слаб под мал број на вртежи за да биде удобно и економично возењето. Иначе тој мотор врти до 5800 вртежи максимум а после 3500 вртежи има сосем доволно сила за таа шасија. Иначе 1.4 75 моторот во Поло 9н троши пола литро помалку од 1.2 трицилиндрашот. 1.2 моторот повеќе наликува на дизел. Влече добро од 2000 вртежи до 3500 (што е ТОП за низ град, ако не те интересира потрошувачката). Од 3500 до 5000 губи сила, а максималните 5800 вртежи треба да му претиш со пиштол за да ги постигне.