Вреди ли точаков 200 еу?
- 29" XL
- Но нејм алуминиумска рамка, иако ми делува малку тежок (треба да е околу 11кг по спецификација што не верувам дека е)
- Но нејм механички кочници
- Но нејм виљушка со локаут
- Шимано Алтус шифтерите
- Шимано Турнеј заден пренос
- ProWheel преден пренос кој фабрички е малку крив!?
- Quick release на двете тркала и седиштето
- Алуминиумски педали
Барав точак за хоби возење, иако за таа цена претпоставував дека ке има маани. Бидеќи сум висок 193, немав многу избор на големи а ефтини рамки. Не се залетав по брендови бидејќи не сум возел точак 15 години, и не сакам да ми фаќа прашина.
Најголема мана ми е предниот менувач, што не можам да го наштеловам како треба. Од 1 до 3 префрла без мака, но не можам да вратам од 3 на 2, мора да вратам на најмалиот запчаник па после на следниот. И тоа овој проблем мислам дека го имам бидејќи предните 3 запчаници се малце криви, и морам да го наштеловам за да не фаќа на ланецот.
Втора забелешка, тркалата се малце криви, но тие треба лесно да се средат кога ке го однесам на сервис. Не пречат во возење сега за сега.
Незнам дали е ова нормално на велосипеди од оваа класа, или се зезнав што го земав!?
Другите работи ми се океј. Кочници ке сменам за хидраулични ако се пронајдам во ова хоби, иако и овие ми бркаат сега за сега работа.
За другите работи немам забелешки. Убаво ми легна. Возев 4 пати и 100тина километри. Пред 15 години возев собим, па овој сега ми се гледа супер хах.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Sent from my A001LG using Tapatalk
11 кила да е, да видам да не верувам. Обично овие точаци се од 13.5 кг па нагоре, во зависност од деловите и најмногу рамот, а особено предната вилушка. Јас имам Крос Пулсо без преден амортизер, хибрид точак, и тежи точно 11 кила со Конти 28 ци гуми.
Запчаниците ако ти се криви нема спас освен да ги смениш. Подесувањето на преден мењач би ти препорачал ако не ти се замара и немаш осет за штимање да го однесеш во сервис, јас сам ги штелувам ама посебно предниот на евтин групсет е баш специфичен за да го наместиш ако не знаеш што точно правиш.
Успеав после две недели мачење да наштеловам се, кочници, преден менувач и заден. Еве веќе 400км поминав и работат одлично на мое изненадување. Тоа што ми беше криво кај предната касета, испадна сум возел cross chain, па затоа фаќал ланецот на менувачот. Сега кога научив правилно да ги користам брзините, немам проблем.
Го возам само низ град, иако кога го купував го купував како замена за кардио, и имав планови за подолги тури.
А за тежината, потежок делува. Плус сега кога му монтирав и гепек, за да не влечкам ранци и торби на грб - прилично тежок, но не е тежок како челичен велосипед.
Него друг проблем, задната гума ми се дупна 4 пати до сега, што мислам е премногу. Два пати од трн, и два пати од стакло.
На тему гледам има некои гуми кои се редат меѓу внатрешната и надворешната гума и служат за заштита од ова. Ефикасни се?
Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk