За 700 евра нема да најдеш добар е-бајк. Ќе најдеш некаков компромис.
Во Скопје можеш да ѕирнеш кај скоро сите увозници или во
Allelectric.mk. Нема да најдеш за 700 евра. Или евентуално да гледаш по огласи низ неколкуте фејсбук групи. Редовно улетуваат добри примероци.
За Србија, види што има на
Cikloberza.rs. За Косово не знам.
Имај предвид дека ако цената на огласот (било каде) е сомнително ниска, тоа е најверојатно со причина. Знам за неколку примери за електрични точаци кои биле купени на оглас, однесени во официјален сервис за контрола/штелување/сервис и биле flag-нати како украдени.