за AC 6,6 Kw и DC 30Kw каков кабел треба да се има дома за да може да се полни, 5х2,5 или 5х6 ? или може и 3х2,5 ?
Дај ги спецификациите на модулот, до колку има максимум влезна струја, дали е монофазен, трофазен итн.
Дали 6.6 kw на три фази или на една фаза ќе ги влече итн.
Ако е трофазно на 6.6 kw, тогаш стандарден 5х2.5 мм2 ке врши работа.
За обичен лаик, за да си мирен во поглед на потрошувачка на струја и безбедност да не ја стопиш инсталацијата, обично стандардот е нели 1.5 мм квадратни, 2.5 мм квадратни. 4 мм квадратни и така нагоре.
Ако е 2.5 мм2, тогаш до максимум 2.5 кw пo фаза.
Ако е 4 мм2, тогаш 4 кw по фаза
Ако е 6 мм2, тогаш 6 kw по фаза.
Формулата ти е следна за да знаеш како оди по фаза: ампери множено со напон, потоа делиш со 1000 или обратно.
Пример 10 ампери множено со 230 волти е 2300 вати, подели го со 1000 тогаш 2.3 kw
Или во случајов 6.6 kw множено со 1000 е 6600 вати, дели го со 230 волти, 28.7 ампери.
(знам дека може и повеќе во теорија, ама ова е за обичен лаик што нема познавање од струја, чисто да не се замара, и да нема страв дека ќе му се стопи инсталацијата, јас чисто за мене на овие дебелини плус 0.5 kw би терал)