За да се утврди целосната исплатливост на едно електрично возило треба да го заокружиш целиот круг на поседување на возило. А тоа не е само купувањето. Поседувањето 7-10 години и продавањето на истото треба да влезе во целата пресметка.
Вака е само фаза на меден месец.
Истотака битен фактор е дека возилото ти е второ возило и градско. Да треба да патуваш 1000 километри со него во еден ден ќе имаш друго мислење за електрично возило.
Јас пресметката ја удрив кога ги пљукнав парите, секој ќе си ја удри и својата пресметка. Секако планот е да се вози возилото додека е исплатливо, или додека не се замени со некоја подобра варијанта ако се создадат такви услови.
Што се однесува дека е „второ возило“, не знам, еве мене ми е 5то возило по дома, Жена ми има службено возило 24/7, јас имам 159 и 166, па имам и една Веспа пустата, ама некако најмногу километри со ова 5-тово поминувам. Секојдневно. Со другите возила вкупно како фамилија поминуваме помалку километри отколку со ова. Секако, тие ги возиме повеќе на отворено, но ова е неприкосновено за секој ден. Да сум секој ден на пат, надвор од град, веројатно ќе беше Тесла лонгест рејнџ или некоја ID7 или нешто слично, што има иницијален ранг од преку 500км и рапид чарџинг од барем 150KW/h, ама пошто 80% од километрите ми се локал Скопје, што поради работата, што поради обврските со децата, ова е возилото кое автоматски се наметна.
Што би било кога би било (да немам кај да полнам, да немам можност 2 коли да имам, да не поминувам толку километри, да поминувам повеќе километри навор од град, да имаше баба ми му*а, итн.), тоа немам намера да го размислувам сега. Кога ќе биде, тогаш ќе се прилагодам кон состојбите.