Денес ми стигна првата фактура од EVN за полнење на градскиве чарџери, кои ги користам чат-пат. Малце статистика да си напраам:
Сум потрошил 55,9KWh, што ме чини 1398ден, или 25ден. по KWh, со ддв. Не сум прекорачил време од 4ч, да да ми наплатат „блокирање на полнач“, што значи сите пари се за киловати.
Вкупно колата била „закачена“ на EVN чарџери 9ч и 50мин. што кажува декa се полнела колата во просек со брзина од 5,7KWh на саат, или грубо, 2,5ч/100км во овие релативно зимски и свежи услови, или отприлика се полнат околу 40км на час. Најбрзото полнење било околу 7KWh , најспорото 3,5KWh.
Грубо, за 100км поминати во град, полнети на овие полначи се трошат околу 375ден. Ако од ова одбијам (арбитражно) 75денари во тие 3ч пари за паркинг, тогаш испаѓа околу 300ден. за 100км.
Ова драстично ја доведува во прашање исплатливоста на чист EV, доколку се користи и полни на јавните полначи на EVN. Сигурен сум дека VW UP на плин ќе троши исто толку пари, а разликата во набавната цена меѓу електричен и обичен, ќе ги покрие трошоците за одржување на неелектричниот во наредни 5-6 години.
Стимул за купување на EV нема никаков од државата, ниту стимул за поседување. Регистрација не е поефтина, паркинзи не се бесплатни (или ако се, треба процедури да се тераат по општини), моожеби нешто помали давачки при увоз (нема CO2 такса, нема акциза, ама царина и ддв и останатите увозни давачки се исти).
Не сме уште спремни, нема ни да бидеме во блиска иднина.
Edit:
Да надополнам за полначиве: Редовна појава е на место со чарџер да видиш некој (најчесто дизел) СУВ или друго неелектрифицирано возило.