Автор Тема: Електрични автомобили и хибриди  (Прочитано 572636 пати)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5848

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55059
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3481 на: 17 Февруари 2025, 21:30:28 pm »
Денес ми стигна првата фактура од EVN за полнење на градскиве чарџери, кои ги користам чат-пат. Малце статистика да си напраам:
Сум потрошил 55,9KWh, што ме чини 1398ден, или 25ден. по KWh, со ддв. Не сум прекорачил време од 4ч, да да ми наплатат „блокирање на полнач“, што значи сите пари се за киловати.
Вкупно колата била „закачена“ на EVN чарџери 9ч и 50мин. што кажува декa се полнела колата во просек со брзина од 5,7KWh на саат, или грубо, 2,5ч/100км во овие релативно зимски и свежи услови, или отприлика се полнат околу 40км на час. Најбрзото полнење било околу 7KWh на час, најспорото 3,5KWh на час

Грубо, за 100км поминати во град, полнети на овие полначи се трошат околу 375ден. Ако од ова одбијам (арбитражно) 75денари во тие 3ч пари за паркинг, тогаш испаѓа околу 300ден. за 100км.

Ова драстично ја доведува во прашање исплатливоста на чист EV, доколку се користи и полни на јавните полначи на EVN. Сигурен сум дека VW UP на плин ќе троши исто толку пари, а разликата во набавната цена меѓу електричен и обичен, ќе ги покрие трошоците за одржување на неелектричниот во наредни 5-6 години.

Стимул за купување на EV нема никаков од државата, ниту стимул за поседување. Регистрација не е поефтина, паркинзи не се бесплатни (или ако се, треба процедури да се тераат по општини), моожеби нешто помали давачки при увоз (нема CO2 такса, нема акциза, ама царина и ддв и останатите увозни давачки се исти).
Не сме уште спремни, нема ни да бидеме во блиска иднина.

Edit:
Да надополнам за полначиве: Редовна појава е на место со чарџер да видиш некој (најчесто дизел) СУВ или друго неелектрифицирано возило.
Ista e situacijata i na zapad so javnite ts brzi polnaci. Samo sto vo globala si kjutat zasto go izele vekje so kupuvanje na e auto ....

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk
Затоа следно ауто ретко им е ЕВ. Најлесто им е неплагин хибрид.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43987
  • Il Moderatore
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3482 на: 17 Февруари 2025, 22:40:33 pm »
Затоа следно ауто ретко им е ЕВ. Најлесто им е неплагин хибрид.
Тоа зошто више у европа слабо им нудат нехибриди, инаку стрикно бензинец или дизел ќе беше изборот после „заеб“ со ЕВ :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2872
  • Слобода или смрт
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3483 на: 18 Февруари 2025, 00:29:40 am »
Што се однесува до плагин хибрид возев периодов неколку и имам 2 замерки. Првата е што батеријата штрчи одоздолу и намалува ground clearance што всушност е пресудно за мене. Без разлика дали после 1-3-5 години батеријата некогаш ќе настрада и ќе ја искршам. Факт со сите возила што сум ги имал досега само наместо ефтин лим овде имаш скапа батерија за да повредиш.
Друго нешто што не ми се допадна е додека возиш плагин хибрид имаш тенденција да се замараш кога вклучува моторот кога гаси. Едноставно додаваш уште една димензија на замарање во возењето. Не знам дали беше поради фактот дека возам возило на кратко и за прв пат но ако треба да сум искрен не би сакал во возењето да додадам дополнително ментално оптеретување. Можеби со текот на возењето на такво возило ќе се навикнеш да ги игнорираш овие транзиции но не помага и фактот што сите имаа за мој вкус дури агресивен приказ и на екранот што се случува и кога на што возиш како регенерираш енергија. 

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5848
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3484 на: 18 Февруари 2025, 00:45:53 am »
Kako ti toa mentalno bi se opteretil ziti se ?
Inace toa auto e za na asvalt ne za onie makadamski patishta kaj sto ti funkcioniras i zivees. Tamo samo mazga i taa e pod znak prasalnik. Za tebe samo kvalitetno dizelce Euro1 maxx Euro2 i da si go stegas bez nikakovo mentalno zamaranje.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6607
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3485 на: 18 Февруари 2025, 07:20:12 am »
Не сме уште спремни, нема ни да бидеме во блиска иднина.

Ние сме тамам, хајпот со целосно електрични ќе го прескокниме засега,
па 2030-та ќе видиме како ќе се движат работите...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29839
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3486 на: 18 Февруари 2025, 07:22:17 am »
Што се однесува до плагин хибрид возев периодов неколку и имам 2 замерки. Првата е што батеријата штрчи одоздолу и намалува ground clearance што всушност е пресудно за мене. Без разлика дали после 1-3-5 години батеријата некогаш ќе настрада и ќе ја искршам. Факт со сите возила што сум ги имал досега само наместо ефтин лим овде имаш скапа батерија за да повредиш.
Друго нешто што не ми се допадна е додека возиш плагин хибрид имаш тенденција да се замараш кога вклучува моторот кога гаси. Едноставно додаваш уште една димензија на замарање во возењето. Не знам дали беше поради фактот дека возам возило на кратко и за прв пат но ако треба да сум искрен не би сакал во возењето да додадам дополнително ментално оптеретување. Можеби со текот на возењето на такво возило ќе се навикнеш да ги игнорираш овие транзиции но не помага и фактот што сите имаа за мој вкус дури агресивен приказ и на екранот што се случува и кога на што возиш како регенерираш енергија. 

Стварно не знам по какви патишта возиш, ама јас можам на прсти да избројам колку пати сум закачил кола одоздола во изминативе ух, 10-15 години. А и прошлиот Голф беше спуштен 8 или 9 години.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6607
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3487 на: 18 Февруари 2025, 07:28:49 am »
По тротоари се качува, инаку каде по пат, затоа џип порача.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10993
  • 430i
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3488 на: 18 Февруари 2025, 08:16:33 am »
Затоа следно ауто ретко им е ЕВ. Најлесто им е неплагин хибрид.
Тоа зошто више у европа слабо им нудат нехибриди, инаку стрикно бензинец или дизел ќе беше изборот после „заеб“ со ЕВ :)
А тие што ги нудат се во облик на СУВ и на отворено трошат 12 на 100

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6512
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3489 на: 18 Февруари 2025, 08:28:50 am »
Денес ми стигна првата фактура од EVN за полнење на градскиве чарџери, кои ги користам чат-пат. Малце статистика да си напраам:
Сум потрошил 55,9KWh, што ме чини 1398ден, или 25ден. по KWh, со ддв. Не сум прекорачил време од 4ч, да да ми наплатат „блокирање на полнач“, што значи сите пари се за киловати.
Вкупно колата била „закачена“ на EVN чарџери 9ч и 50мин. што кажува декa се полнела колата во просек со брзина од 5,7KWh на саат, или грубо, 2,5ч/100км во овие релативно зимски и свежи услови, или отприлика се полнат околу 40км на час. Најбрзото полнење било околу 7KWh , најспорото 3,5KWh.

Грубо, за 100км поминати во град, полнети на овие полначи се трошат околу 375ден. Ако од ова одбијам (арбитражно) 75денари во тие 3ч пари за паркинг, тогаш испаѓа околу 300ден. за 100км.

Ова драстично ја доведува во прашање исплатливоста на чист EV, доколку се користи и полни на јавните полначи на EVN. Сигурен сум дека VW UP на плин ќе троши исто толку пари, а разликата во набавната цена меѓу електричен и обичен, ќе ги покрие трошоците за одржување на неелектричниот во наредни 5-6 години.

Стимул за купување на EV нема никаков од државата, ниту стимул за поседување. Регистрација не е поефтина, паркинзи не се бесплатни (или ако се, треба процедури да се тераат по општини), моожеби нешто помали давачки при увоз (нема CO2 такса, нема акциза, ама царина и ддв и останатите увозни давачки се исти).
Не сме уште спремни, нема ни да бидеме во блиска иднина.

Edit:
Да надополнам за полначиве: Редовна појава е на место со чарџер да видиш некој (најчесто дизел) СУВ или друго неелектрифицирано возило.
Интересно, 25мкд е доста скапо. Кај мене за таа цена од околу 40 центи по квч е само за брзи полначи тие што се обично со 150кв и нагоре.
Паркинзите во Рига се бесплатни за ЕВ, смеам да возам по ленти за автобуси со што значително во метежи заштедувам време да не дремам по гужви. Регистрацијата е исто така бесплатна т.е. данок за патишта за голфот плаќам 100 евра годишно, за моката 0.

На тајп2 пунач секогаш добивам брзина од 64километри на час или некаде околу 9-10 кв на час. Ок на работа ми е бесплатно полнењето ама ако некогаш ми треба хитно и сум при крај со батерија полнам на брз чарџер од 50кв и тогаш некаде брзината е околу 280км на час. Еден кв кошта 24 центи што би дошло околу 14денари. Во зимски услови ми троши моката околу 20кв на 100км што значи дека само ако полнам по брзиве станици би ме чинело 4.8 евра на 100км. Со цена од 1.6 евра за бизел/дензин и просек 7 во град тоа е 11 евра на 100км. Значи дупло поевтино мене ми е возењето дури ако не полнам на работа. Летен период е уште поевтино зошто троши околу 15кв на 100км.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2872
  • Слобода или смрт
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3490 на: 18 Февруари 2025, 08:36:22 am »
Што се однесува до плагин хибрид возев периодов неколку и имам 2 замерки. Првата е што батеријата штрчи одоздолу и намалува ground clearance што всушност е пресудно за мене. Без разлика дали после 1-3-5 години батеријата некогаш ќе настрада и ќе ја искршам. Факт со сите возила што сум ги имал досега само наместо ефтин лим овде имаш скапа батерија за да повредиш.
Друго нешто што не ми се допадна е додека возиш плагин хибрид имаш тенденција да се замараш кога вклучува моторот кога гаси. Едноставно додаваш уште една димензија на замарање во возењето. Не знам дали беше поради фактот дека возам возило на кратко и за прв пат но ако треба да сум искрен не би сакал во возењето да додадам дополнително ментално оптеретување. Можеби со текот на возењето на такво возило ќе се навикнеш да ги игнорираш овие транзиции но не помага и фактот што сите имаа за мој вкус дури агресивен приказ и на екранот што се случува и кога на што возиш како регенерираш енергија. 

Стварно не знам по какви патишта возиш, ама јас можам на прсти да избројам колку пати сум закачил кола одоздола во изминативе ух, 10-15 години. А и прошлиот Голф беше спуштен 8 или 9 години.

Викендов бев во реонот богомила и рибникот нежилово на шетање. Патот до таму генерално ок освен на две места кај што го однела водата и нормално закачив одоздолу со ниска кола.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1823
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3491 на: 18 Февруари 2025, 09:26:55 am »
Јас изгледа контра одам со еволуцијата, првин гледав ЕВ како најисплатливо, ама гледано дека струјата ќе станува се поскапа кај нас, колите иако нема да имаат мотор кој бара одржување, ќе најдат начин да те заколат на други сервиси.

На крај ќе излезе дизел е најевтино.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3896
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3492 на: 18 Февруари 2025, 09:46:48 am »
Денес ми стигна првата фактура од EVN за полнење на градскиве чарџери, кои ги користам чат-пат. Малце статистика да си напраам:
Сум потрошил 55,9KWh, што ме чини 1398ден, или 25ден. по KWh, со ддв. Не сум прекорачил време од 4ч, да да ми наплатат „блокирање на полнач“, што значи сите пари се за киловати.
Вкупно колата била „закачена“ на EVN чарџери 9ч и 50мин. што кажува декa се полнела колата во просек со брзина од 5,7KWh на саат, или грубо, 2,5ч/100км во овие релативно зимски и свежи услови, или отприлика се полнат околу 40км на час. Најбрзото полнење било околу 7KWh , најспорото 3,5KWh.

Грубо, за 100км поминати во град, полнети на овие полначи се трошат околу 375ден. Ако од ова одбијам (арбитражно) 75денари во тие 3ч пари за паркинг, тогаш испаѓа околу 300ден. за 100км.

Ова драстично ја доведува во прашање исплатливоста на чист EV, доколку се користи и полни на јавните полначи на EVN. Сигурен сум дека VW UP на плин ќе троши исто толку пари, а разликата во набавната цена меѓу електричен и обичен, ќе ги покрие трошоците за одржување на неелектричниот во наредни 5-6 години.

Стимул за купување на EV нема никаков од државата, ниту стимул за поседување. Регистрација не е поефтина, паркинзи не се бесплатни (или ако се, треба процедури да се тераат по општини), моожеби нешто помали давачки при увоз (нема CO2 такса, нема акциза, ама царина и ддв и останатите увозни давачки се исти).
Не сме уште спремни, нема ни да бидеме во блиска иднина.

Edit:
Да надополнам за полначиве: Редовна појава е на место со чарџер да видиш некој (најчесто дизел) СУВ или друго неелектрифицирано возило.
Интересно, 25мкд е доста скапо. Кај мене за таа цена од околу 40 центи по квч е само за брзи полначи тие што се обично со 150кв и нагоре.
Паркинзите во Рига се бесплатни за ЕВ, смеам да возам по ленти за автобуси со што значително во метежи заштедувам време да не дремам по гужви. Регистрацијата е исто така бесплатна т.е. данок за патишта за голфот плаќам 100 евра годишно, за моката 0.

На тајп2 пунач секогаш добивам брзина од 64километри на час или некаде околу 9-10 кв на час. Ок на работа ми е бесплатно полнењето ама ако некогаш ми треба хитно и сум при крај со батерија полнам на брз чарџер од 50кв и тогаш некаде брзината е околу 280км на час. Еден кв кошта 24 центи што би дошло околу 14денари. Во зимски услови ми троши моката околу 20кв на 100км што значи дека само ако полнам по брзиве станици би ме чинело 4.8 евра на 100км. Со цена од 1.6 евра за бизел/дензин и просек 7 во град тоа е 11 евра на 100км. Значи дупло поевтино мене ми е возењето дури ако не полнам на работа. Летен период е уште поевтино зошто троши околу 15кв на 100км.

Ова више се озбилни заштеди и скроз се менува играта.

Што се однесува до полнењето на ЕВН и јавни полначи се слагам потполно со Симо дека скоро непостоечка е инфраструктурата кај нас за возење на ЕВ.
Јас имам предност што го полнам во двор па ја менува играта што речиси секој ден испаѓам со полна батерија. Но да треба да живеам во стан, тогаш строго дизел би земал, нема смисла батеријата доколку не се полни дома, барем со сегашнава ситуација.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6607
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3493 на: 18 Февруари 2025, 10:09:58 am »
И Холандија беше така со автобуската лента и слични поволности, па купија сите електрични и мораа да му ги скинат привилегиите.
мислам за холандија беше тоа видео да не го барам...

И Битола беше бесплатен паркингот за хибриди до пред некој месец, па нема сега, за електрични не знам, ама и струјата беше бесплатна едно време.  :D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5748
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3494 на: 18 Февруари 2025, 10:26:48 am »
Некои woke глупости, зошто да ти е дозволено да возиш во лента за автобус, никаква никаква јавна дејност не извршуваш, одиш на работа како и сите останати смртници.
Чат џипити вели дека сме ултра ефтини



Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html