Колку што знам, муабетот беше дека кога се менуваат две со две гуми од ист вид (летни, или зимски) а не комбинирање, тогаш новите гуми (односно тие со повеќе грип) се ставаат на задните тркала. Не е муабетот за комбинација од летни и зимски.
Комбинација од летни и зимски
не треба да се прави. Може да се прави, и многу луѓе прават, и многу луѓе тераат така и викаат „абе океј е, не сум имал проблем“, ама само затоа што нешто може да се направи, не значи дека треба да се направи. Се комбинираат гуми со
драстично различен грип, а ефектите од тоа се најзабележливи на снег.
Резултатите се вакви:
Ако е дојдено до моментот со две зимски и две летни, според мене подобро е да се остане на четирите летни гуми, и во оние денови кога ќе има снег, колата да си остане паркирана.