Од кога ја имам колата во Германија, Октомври 2020, следните две лета беа доста топли, и тоа со долги жешки периоди, слично како и во Македонија. Плус 2021 во летниот период, крај на јули бевме до Хрватска, па во Македонија и Грција и назад почеток на Септември, беше и по 45 степени по пат, и поминавме 5000 км. Гумите се Good Year Vector4Seasons, имаат скоро 50К поминато, шарата ја мерев пред некој месец беа ептен малце потрошени, и со перформанси се сеуште одлични. Сеуште нема јак снег кај мене паднато па да ги тестирам и во такви екстремни услови, но на малце снег немаа гајле пред некој ден. На пролет планирам да ги менувам, ќе имаат преку 55К сигурно, мислам дека им е доста, со оглед на тоа дека се вози скоро цело време по автопати, не би сакал да ги тестирам до колку максимално можат да издржат со добри перформанси. Пак ќе идам на целосезонски, може и со истиот модел, ама ќе гледам и тестови, може ќе има промени следна сезона во резултатите. Последниве години нема голема разлика во климата во Македонија и во Германија, а и целосезонските гуми се се подобри, и да живеев во Македонија секако прв избор ќе ми беа целосезонски, за да не се замарам со менување летни/зимски, а сепак да имам одлична гума.