Кај другар од маткачи мајстори и чекање, дојди петок, дојди вторник па нема никој, се суреди пред некој саат. Добри два викенди работа, прилично мачно, ама не е операција на мозок.
Чистење цела грана со одмастувачи, бензин и онаква жица за во тегли/шишиња, блокот беше исто цел затнат 2-3мм отвори само, исто и таму гребење и усисавање истовремено, егеерот исто затнат тотално се исчисти и таму и јаде плочка, дпфот затнат 101% се исече и ископа све., бог знае како работеше до сега.
Пациентот жив здрав.
Со глава гарантирам дека ако ја отвараше мајстор ни 30% немаше да биди исчистено од ова, туку само така ќе се зачисти ради реда. Некој мастори дури велеа само плочка да се стави и дпфот да се извади, другото ќе терало така..
Ако неќеш сам Барај некој ептен по препорака да е домаќин или џабе пари фрлени ќе е работата Пропратно друго све си оди да е затнато покрај усисната.
