Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 607922 пати)

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 110
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3765 на: 27 Март 2025, 23:59:16 pm »
Ако прочитавте ќе ми го сфатете муабетот. Не знам ни зошто пробав да објаснам in the first place.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3766 на: 28 Март 2025, 00:14:51 am »
Да, ама има еден друг момент, на друиог учесник во сообракајот не знаеш умот каде му е и не знаеш секому што му се случува во главата и какви се не мисли му проаѓаат во тој момент.

Имаш луѓе што се постојано нервозни од секакви ситуации, возиш секојдневно по патишта по сите градови по најмалку 12 и повеќе часови си во кола и во останатите градови отколку дома со своето семејство и ќе ти јави шефот кој дома седи во фотеља и си го дрви и ке ти промрси муда дека ти денес ништо не си сработил.
А ти секојдневно гинеш по патиштата, треба вечерта да се вратиш, истушираш, да отспиеш 3-4 часови и утредента пак истото.
И пак истата приказна.

Имаш луге и со останати домашни проблеми.

Имаш луге кои можеби во тој момент добил недајбоже повик дома на негов близок му се случило нешто, па паметот му е само како да стигне најбрзо.

Секакви проблеми имаат лугето и доага некој у тој момент чекај сега јас прописот.
Јебеш прописот ако тој ти го загрозува животот.

Ти си по пропис во своја лента, ама ако тој од спротива вози во твојата лента и очигледен е сударот, дали ти и понатаму ќе возиш упорно во својата лента пошто си по пропис или ќе се спасуваш тргнувајки се во најдесната лента ?

Наместо да се потргнеш 2-3 секунди и тој нека си тера таму каде што си тера, ти би одбрал пропис, до средна лента, колони и очигледни престигнувања кои некои и ќе бидат макази и ќе те доведат и тебе во ризична ситуација ?

Мојот разум вели тргни се, него ли да докажувам на останатите прописи и правила.
И на крај краева нема потреба никој да го прати твоето темпо, ако ти си одлучил да возиш 80, а е дозволено 110, зошто мораме сите твоето темпо да го следиме ?

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 110
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3767 на: 28 Март 2025, 00:23:08 am »

Џизс друже :-))))

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3768 на: 28 Март 2025, 00:27:45 am »
Јасно е се, со среќа нека ти е докажувањата, само се надевам нема да настрадаш докажувајќи му некого.
Здравје ќе сфатиш некогаш дека не е вредно, како и јас сега што сфаќам дека нема да ти докажам дека возење подесно е побезбедно отколку возење во средина на патот.

Добра ноќ :)

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 110
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3769 на: 28 Март 2025, 00:32:45 am »
Јасно е се, со среќа нека ти е докажувањата, само се надевам нема да настрадаш докажувајќи му некого.
Здравје ќе сфатиш некогаш дека не е вредно, како и јас сега што сфаќам дека нема да ти докажам дека возење подесно е побезбедно отколку возење во средина на патот.

Добра ноќ :)
Ај вака, последна шанса пред да кренам раце. Неколку пораки имам во нишкава од денес, врати се, прочитај ги и кажи ми каде точно пишав дека не се тргам, дека глумам подвижна полиција и дека сум спремен да гинам за прописи? Препрочитај неколку пати ако треба па кажи ми.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3770 на: 28 Март 2025, 07:54:42 am »
Возиш ти подесно, нели така е "културно", тој позади те претекнува без разлика дали е полна/испрекината без разлика дека иде кола од спротивна страна, бидејќи е "културно" сите да се тргнат, бидејќи има доволно место за тоа.... Додека си ти скроз десно, тој те претекнува, и нормално бидејќи нема места тој малку гази и во спротивна лента....

Од спротивна страна истото некој друг го прави, бидејќи е "културно" сите да му се потргнат додека тој претекнува... И доаѓаме до ситуација на експресен пат треба да се разминат 4 возила, едно до друго.... дали има доволно место за сите 4 возила или?

Да не правиме муабет дека на лентата за застанување (да, не е лента за културно потргнување), може да има и пречки, стеснувања, посебно кај мостиња... Знакот е за максимална брзина, а не за колку мора да возиш... и да, се казнува и за бавно возење, посебно без причина...

Значи мешате сообраќајна култура со сообраќајни правила... Која е потребата кога иде возило од спротивна страна, на експресен пат со 2 ленти ти да претекнуваш додека се разминуваш со тој што иде од спротива?

П.С. да, се потргнувам настрана од камикази и им блендирам и свирам кога тоа го прават (не дека ќе смени нешто тоа).... ме нервираат таквите камикази по експресни патишта, исто како што ме нервираат камиказите на регионални патиша, посебно на кривини, пример на стража, кога имаат една лента за надолу, ама газат и во таа спротивната, посебно на кривина, бидејќи од долу има две ленти, ако иде некој е "културно" да му се потргне... бидејќи од кај него има доволно место...

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3771 на: 28 Март 2025, 08:33:00 am »
Само што заврше испрекинатата линија стигнав кола која возеше 60км/ч на експресниот Градско.
Чупето се учеше, со возачка и напната 500 а 1км пред нејзе ништо, а до кружниот Макпетрол уште 3/4 од делницата, замислете да не ја престигнев на полна.  :D

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 246
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3772 на: 28 Март 2025, 08:38:16 am »
Јасно е се, со среќа нека ти е докажувањата, само се надевам нема да настрадаш докажувајќи му некого.
Здравје ќе сфатиш некогаш дека не е вредно, како и јас сега што сфаќам дека нема да ти докажам дека возење подесно е побезбедно отколку возење во средина на патот.

Добра ноќ :)

А возење по правила е најбезбедно нели?
Оној шо вози цик цак, што се лепи на автопат(не секоја кола има 200кс и убрзување од 100 до 130 за 3 секунди па да може магично да се тргне од лента), експресен пат(што патем на секои 5/10 минути возење има место каде ќе можеш да претицаш) е овој е тој шо секогаш е во право, ама тоа е кога кога живееме у општество со колективна амнезија, само продолжете да ги релативизирате работите додека секојдневно имаме по еден убиен по патишта и булевари.  :-\

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3773 на: 28 Март 2025, 09:03:10 am »
На насилниците им е секогаш им е нешто неправедно, ем си возат Макс 110, но останатите се влечеле со 80, те не се тргнале доволно, те возеле до сама линија, те намерно само за инат нивни без никаков повод тргнале од дома да возат...

@R2D2 даде добри поенти.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3774 на: 28 Март 2025, 09:42:11 am »
Градско - Дреново се вози за 12 минути са.100-110 км/ч (колку што е долго видеото). Еве и да има шлепер што вози 70 пред мене, наместо за 12 минути ќе ја поминам за 16.5 минути цела делница. Тоа е 4 минути плус.

Освен ако не бркате purple sector на таа делница или бод за fastest lap не гледам поента да се има нервоза ако во тие 4 минути се почитува полната линија што е нацртана.

Не велам дека полната линија е најправилното решение, не се согласувам ни јас со одлуката таа да биде таму. Ама кој *ур потребата да се стигне 4 минути порано во Градско?
« Последно менување: 28 Март 2025, 09:48:12 am zlatkoa »

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1724
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3775 на: 28 Март 2025, 09:49:08 am »
Градско - Дреново се вози за 12 минути са.100-110 км/ч (колку што е долго видеото). Еве и да има шлепер што вози 70 пред мене, наместо за 12 минути ќе ја поминам за 16.5 минути цела делница. Тоа е 4 минути плус.

Освен ако не бркате purple sector на таа делница или бод за fastest lap не гледам поента да се има нервоза ако во тие 4 минути се почитува полната линија што е нацртана.

Не велам дека полната линија е најправилното решение, не се согласувам ни јас со одлуката таа да биде таму. Ама кој *ур потребата да се стигне 4 минути порано во Градско?

Нема веќе бод за fastest lap. :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3776 на: 28 Март 2025, 10:32:03 am »
Ама кој *ур потребата да се стигне 4 минути порано во Градско?

Не се 4, ако возиш со крстот на чело, 30мин се до Скопје од Битола.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3777 на: 28 Март 2025, 10:46:31 am »
Тие шо не се тргаат се истите шо не давале лист од средина.
Не значи дека мора одма да се тргните чим се појави побрзо возило од вас,туку кога за тоа ќе има безбедни услови за вас и за аите околу.
Нормално дека нема да се тргните во десна лента ако има застанато возило,одрон,дрво паднато,хебла,резервна гума,магаре и сл. или ако наидувате на стеснување.
Мада и не мора да дрвиме овде за нешто шо е нормално во светот.

Еве јас се тргам со камионот нон стоп кога возам по регионални патишта,се тргам кога е безбедно за мене и за другите.
 Некои ме престигнуваат кога ќе "им дадам" простор,некои продолжуваат да се влечкаат зад мене и кога нив не им смета,мене ич.
А оние што се брзаат поќе,не чекаат ни јас да се тргнам ноту другите меѓу нив и мене да ме поминат,туку ќе  е претицаат соте со ред и чао.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3778 на: 28 Март 2025, 11:54:59 am »
Мене ми е пример за ова делницата од Евзони до Солун. Од кога знам за себе, таму се држи нијааанса подесно, особено ако влечеш приколица за на одмор и си поспор, да можат другите да поминат. Као примерот на @MecheTo погоре. И нема никаква драма.

Едит: Имало на форумов неколку примери за луѓе кои пробале да глумат џандари во сообраќај. Мојот став е дека јас не сум џандар, и не е моја работа нити да кочам некого, нити пак моја работа да го учам на сообраќајна култура. Ако забележам некој кој вози небезбедно или се однесува како морон, ќе му дадам што е можно повеќе простор за да ме одмине. Па нека крши глава после.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3779 на: 28 Март 2025, 12:21:41 pm »
Јасно е се, со среќа нека ти е докажувањата, само се надевам нема да настрадаш докажувајќи му некого.
Здравје ќе сфатиш некогаш дека не е вредно, како и јас сега што сфаќам дека нема да ти докажам дека возење подесно е побезбедно отколку возење во средина на патот.

Добра ноќ :)

А возење по правила е најбезбедно нели?
Оној шо вози цик цак, што се лепи на автопат(не секоја кола има 200кс и убрзување од 100 до 130 за 3 секунди па да може магично да се тргне од лента), експресен пат(што патем на секои 5/10 минути возење има место каде ќе можеш да претицаш) е овој е тој шо секогаш е во право, ама тоа е кога кога живееме у општество со колективна амнезија, само продолжете да ги релативизирате работите додека секојдневно имаме по еден убиен по патишта и булевари.  :-\

Има знак 110, возам по тој знак и возам скрос десно до лентата за застанување. Просто е и едноставно, не стојам цел пат на средна лента, не само за тој позади мене, туку не знам и од спротива особено доколку е кривина дали некој одлучил да игра руски рулет па престигнува.

На крај првичниот муабет тргна дека патот треба да има на барем 3 правци испрекината лента да може да се престигнуваат спорите возила без ризик за казна за престигнување на полна лента и одземање на дозволи (за тргањето веке е јасно, си стоите на ставот дека вие ќе си ја газите средната лента)
Ама кој е тој сообракаен инжењер да ми каже зошто на правец долг преку 1 км на експресен пат широк 12 метри е полна линија, додека на пат широк едвај 6 метри со кривини овде на сликава е дозволено престигнување ? (ова е пред Делчево)