Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 608099 пати)

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3780 на: 28 Март 2025, 13:15:37 pm »
Не е проблем потргнувањето, еве скоро сите возиме по крај дури и завлегувам во зауставна трака со две тркала (и со цела кола коа ми беше страв порано додека не ми излезе пред мене возило со пукната гума а ја со 90) проблемот е што се повеќе се охрабруваат и земаат замав камиказите, не му е доволно 110 не му е доволно пола кола у зауставна лента, не да се тргнеш кога е безбедно и за тебе и за него, сака да те нема сместа, не купил бајото 320д за да лази со 110 зад некоја канта со 50 коња. Мислам дека и самиот знак 110 иако брзината е таман ако ја почитуваат повеќето, ги охрабрува да мислат дека се на автопат па да возат и 150/60. Клучките кај што е 80 ограничено не ги ни есапат коа ќе почнеш да отпушташ гас се дешаваат најагресивните претицања. И да нормално е секој да пази за себе ама некако повеќе го правдате камиказата што влегува во спротивна лента иако гледа возило со којзнае која брзина може и тој е будала што денес решил да се самоубие и тоа по правила нема да биде уопште крив освен евентуално пречекорување на брзина, успорете малце уклучете мозок не ризикувајте по секоја цена, поарно да стигнеш пола саат покасно него никогаш, може е "културно" и непишано правило но од друга страна е и прекршок (возење по лента за застанување) не оставајте на случајност и на милост на друг.

Отсутен Паланчански

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3781 на: 28 Март 2025, 13:41:17 pm »
Опаа, значи не си толку млад чим ти е познат стариот пат.
Сигурно се сеќаваш на "големата кривина", автобус на Пролетер мораше да се враќа во рикверц за да ја фати од втор обид.
ЈугТурист го немаше тој проблем, воведе помали ТАМ автобуси.
Сум го возел тој пат, ја знам Руѓинска кривина. Во тоа време од Куманово до Пчиња беше направен новиот пат, од Пчиња до Ранковце сеуште беше магарешкиот пат.

Инаку го знам и патот Скопје - Куманово кога сеуште беше со две ленти, не беше автопат.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3782 на: 28 Март 2025, 13:49:20 pm »
Опаа, значи не си толку млад чим ти е познат стариот пат.
Сигурно се сеќаваш на "големата кривина", автобус на Пролетер мораше да се враќа во рикверц за да ја фати од втор обид.
ЈугТурист го немаше тој проблем, воведе помали ТАМ автобуси.
Сум го возел тој пат, ја знам Руѓинска кривина. Во тоа време од Куманово до Пчиња беше направен новиот пат, од Пчиња до Ранковце сеуште беше магарешкиот пат.

Инаку го знам и патот Скопје - Куманово кога сеуште беше со две ленти, не беше автопат.
По паланечко џаде и јас сум возел од другата страна на мега куманово што е, од тој дел имаме манекенка кумановка комшивка секретарица на еден биг бос ретро од ех ју од куманово хехехеех.. :D  тој пат води накај Зебрањак кулата и продолжува накај паланка

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 100
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3783 на: 28 Март 2025, 14:04:48 pm »
Има дибеци низ град ти аблендираат додека возиш 50-60 км/ч а не на отворено. Едноставно нема лек за таквите. И да не му отстапиш ќе се обиде да претекне на полна. И некој ден кога ќе му истече среќата и ќе го спукаат напред ти зад него ќе го јадеш како колатерална штета. Заради тоа не вреди џандар да изигруваш.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3784 на: 09 Април 2025, 00:32:19 am »
Прилеп-Битола го пренасочија сообраќајот по стариот пат од клучка кај Ново Лагово и се до Тополчани се вози по стариот пат.

Стариот пат е ок во смисла на дупки, ама е доста потесен, а ноќе и не е нешто премногу обележан така да внимателно тие што ќе мора да одат накај Битола и обратно.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3785 на: 09 Април 2025, 05:27:12 am »
Има еден мост тесен таму,треба внимавање не собира две возила.
Не знам дали им е означен убаво со знаци.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3786 на: 09 Април 2025, 07:22:23 am »
Ех, едно 6 месеци е пренасочена таа делница. 100-ка се тера цел освен под главниот пат ко ќе поминуваш на пола делница, како шикана е, многу не се пули навечер и со 100ка се гини.  ;D

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3787 на: 09 Април 2025, 10:52:03 am »
И ако врни дури и со 30 е многу на тој сектор. На Пп бт правец не се гледа дека има езеро во дупката.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1724
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3788 на: 09 Април 2025, 11:31:47 am »
Која е причината за пренасочување кон стариот пат? Се реасфалтира новиот?

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4019
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3789 на: 09 Април 2025, 11:46:25 am »
Автопат се прави :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3790 на: 09 Април 2025, 12:35:17 pm »
Ех, едно 6 месеци е пренасочена таа делница. 100-ка се тера цел освен под главниот пат ко ќе поминуваш на пола делница, како шикана е, многу не се пули навечер и со 100ка се гини.  ;D

Од октомври 2024 е пренасочен од кај Алинци па до Тополчани.
Сега од пред некој ден е пренасочено од Ново Лагово.

Има еден мост тесен таму,треба внимавање не собира две возила.
Не знам дали им е означен убаво со знаци.

Лани го преправаа мислам тој мост, ама тоа е меѓу Тополчани и Могила. А засега се вози сеуште Тополчани-Битола по магистралата.

Која е причината за пренасочување кон стариот пат? Се реасфалтира новиот?

Автопатот Пп-Бт се прави.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5929
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3791 на: 09 Април 2025, 13:08:23 pm »
Супер е мостот и тoj километар два до пругата за Лознани. Ако ја нагазиш добро a не го знаеш патот баш,  можеш два три пати здраво да ја одлепиш од земја :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3792 на: 09 Април 2025, 13:57:12 pm »
Јас години наназад го возам тој пат, се ислучвам од кај Ново Лагово па се до Могила и обратно, се додека не почнаа да го прат мосто кај Могила, тогаш кај Тополчани исклучвање/приклучвање. Го напраја мосто, ама пичкаму, пак тесен... А таму кај Лознани, какви скокчиња има, милина :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3793 на: 09 Април 2025, 21:21:08 pm »
Кај Лознани кога ми беше саглам товарена колата убаво знаеше да се истружи гумата (особено со бандажите со помал ет). Срање.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1724
Некој има инфо каква е состојбата на асфалтот на патот Страцин - Кратово - Пробиштип - Штип?