Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 559937 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6688
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3735 на: 26 Март 2025, 22:12:17 pm »

Денес го извозев патов.

Има еден проблем, поголемиот дел е полна линија, дури и на два-три правци каде што реално треба да е испрекината, а е полна.

Баш на враќање имаше шлепер кој возеше 70 км/ч и се направи колона преку 10тина возила.
Почнаа да му блендираат па се потргна во крајна десна и реално скоро сите бевме во прекршок за да го престигнеме.
Имаше и две три коли неодлучни што останаа да возат позади камионот со неговото темпо од 70 км/ч, газејки ја точно средната линија, шта речи....

Реално ако е така, нема поента патот, џабе 110 ограничување ако има камиони што пак ќе возат 70, а позади нив доволно е уште два тројца неодлучни, ќе искочи возењето исто како и по стариот пат.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14398
  • Пудингот на шоферството
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3736 на: 26 Март 2025, 23:11:34 pm »
Секогаш колона се прави заради вториот,не ради првиот.
Некое неодлучно теле или заспано се влечи позади некој бавен.
Никогаш нема да сватам зошто овие таканаречените експресни патишта не ги направија до по две ленти во правец како Гостивар Тетово.
Патишта од овој тип треба да се помеѓу селата,додека главните магистрали треба да се со по две ленти во правец и со ограничена брзина од најмалку 150.🙂
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6558
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3737 на: 27 Март 2025, 07:51:04 am »
Испрекината имаш само на мал дел пред автопатот, после полна да не речам до крај.

Има еден проблем, поголемиот дел е полна линија, дури и на два-три правци каде што реално треба да е испрекината, а е полна.

Кои 2-3, мислиш 10-тина?, ама имаме инженери со завршен факултет што знаат повеќе од нас, и го обележаа како шо треба. (мадиња)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6688
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3738 на: 27 Март 2025, 12:05:18 pm »
Според видеото, таму каде што треба да има испрекината лента е:
Од 3:45 до 4:07 (знакот што означува дека си на уште 500 метри до клучка)
Од 5:00 до 5:30
Од 6:10 до 6:30
Од 7:00 до 7:35 (пушка прав пат, цела прегледност ја имаш, а полна линија, тука и почнаа да му блендираат на шлеперот пошто возеше 70 км/ч точно со левите тркала на полната средна линија)
Од 9:20 до 9:40 према Дреново бидејки за обратно има две ленти бидејки е успон.


Се на се ете ги 5 правци се каде што треба да има испреќината.
Ако остани овака како што е сега обележан, во комбинација со некои што ќе возат испод 110 ограничување газејки точно до средната линија, овој пат ќе нема поента, нема ништо да донесе за побрзо патување.

А од Дреново до Фаришка клисура има повеќе кривини, таму очекувам и да е цела делница полна линија, ама ајде да видиме и таа делница кога ќе ја пуштат.


Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6935
  • French diamond
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3739 на: 27 Март 2025, 12:48:44 pm »
Море супер си е патот, не туку се жалете, тешки да ја напрат уште другата половина. Ако е полна, нема бариера на средина.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6688
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3740 на: 27 Март 2025, 12:50:09 pm »
Да ама полната е идеална за штанцање казни и одземање дозволи :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6558
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3741 на: 27 Март 2025, 13:10:19 pm »
Ќе престигнуваш на втората половина од правецот, да можиш да видиш ако има полиција.  ;D


Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3844
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3742 на: 27 Март 2025, 13:32:17 pm »
Јас коа возев овде, ако имаше зад мене некој што сака да ме стигни се тргав настрана. Така да не мора да ја помини полната лента со сите 4ри тркала.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1817
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3743 на: 27 Март 2025, 13:58:13 pm »
Досега 10-15 пати ми е возен патов и многу ретко се тргаат тие што возат под 110км/ч. Често возат најлево и ја газат средната лента :D Некогаш пробувам да му блендирам кратко, ама гледам дека е безуспешно и се откажувам. Едноставно не им е јасно дека можат да повозат десно на 5 секунди. За разлика од овој пат, на експресниот што води од граница до Солун, сами се тргаат грциве без проблем. Нашиве ни таму не се тргаат, наш е Солун :D

Чисто информативно, засега полиција со радар стои само на исклучувањето за Росоман каде што има удолница и ограничувањето е 80км/ч.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6871
  • Бенве сие бенве
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3744 на: 27 Март 2025, 14:28:20 pm »
Зошто да се тргнам ако сум близу лимитот на патот? Зарем тргањето десно не е исто така прекршок врз полна линија? Што ако има нешто на зауставната лента? Некој мењал гума па заборавил дигалка, триаголник, има камионче на македонија пат и ред други работи. Од кај да знам кои се твоите намери и на сите тие пред мене во колоната па да се ставам себеси во ризик да возам на лента каде што не ми е местото? Бавно ви е 90-100 арно ви беше на стариот пат 50-70 зад трактори и триста ризици за престигнување.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10241
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3745 на: 27 Март 2025, 14:33:34 pm »
Да бидеме на чисто, полна линиј не се прегазува ниту со милиметар, не па само се 2 тркала за претекнување.

Се претекнува само на испрекината линија.


Отсутен Паланчански

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3746 на: 27 Март 2025, 15:52:10 pm »
Се жалите за Градско - Дреново?
Страцин - Крива Паланка кога го пуштија во употреба за пет дена имаше пет сообраќајки, од кои една со жртва. Понатаму не сум ги броел сообраќајките. Толку „убаво“ е изведен патот, како магаре да го трасирало.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6688
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3747 на: 27 Март 2025, 16:04:52 pm »
Досега 10-15 пати ми е возен патов и многу ретко се тргаат тие што возат под 110км/ч. Често возат најлево и ја газат средната лента :D Некогаш пробувам да му блендирам кратко, ама гледам дека е безуспешно и се откажувам. Едноставно не им е јасно дека можат да повозат десно на 5 секунди. За разлика од овој пат, на експресниот што води од граница до Солун, сами се тргаат грциве без проблем. Нашиве ни таму не се тргаат, наш е Солун :D

Чисто информативно, засега полиција со радар стои само на исклучувањето за Росоман каде што има удолница и ограничувањето е 80км/ч.

На сите експресни патишта во државава баш тие што возат доста испод ограничувањето возат точно до средната лента.
Не само што не се поттргнуваат за тебе што си позади нив, туку имам видено и да не се тргаат подесно кога и некој престигнува од спротива, како да сакаат да докажат нешто некому.

Јас секогаш се држам скрос до десната полна линија за ако има потреба некој поозади мене да ме престигне без многу да навлегува во спротивна лента, или ако од спротива има камиказа па одма скрос десно да се тргнам, а не да докажувам некому нешто, кај возат 30 или 40 км/ч испод дозволениот знак, уште да фатат и да возат пола-пола и во своја и во спрсотивна лента.

Ако сакаш 70 да возиш, ете го стариот пат, остана и тој за понатамошно користење.

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3748 на: 27 Март 2025, 17:34:08 pm »
Уште возачите со возачки у смоки што им се паднале галамат дека мора сите да им се тргаат од пат?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6688
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3749 на: 27 Март 2025, 18:04:26 pm »
Тоа се вика култура на однесување.
Исто како и оние што престигнуваат возило што вози 90, а они 95 и притоа остануваат и понатаму во лева лента на автопат, па мораш 10 пати да им блицнеш за да се вратат во десна лента.

Повеќе делува дека тие што не се тргаат и водат инает со се со смоки возачка дозвола.