Возиш ти подесно, нели така е "културно", тој позади те претекнува без разлика дали е полна/испрекината без разлика дека иде кола од спротивна страна, бидејќи е "културно" сите да се тргнат, бидејќи има доволно место за тоа.... Додека си ти скроз десно, тој те претекнува, и нормално бидејќи нема места тој малку гази и во спротивна лента....
Од спротивна страна истото некој друг го прави, бидејќи е "културно" сите да му се потргнат додека тој претекнува... И доаѓаме до ситуација на експресен пат треба да се разминат 4 возила, едно до друго.... дали има доволно место за сите 4 возила или?
Да не правиме муабет дека на лентата за застанување (да, не е лента за културно потргнување), може да има и пречки, стеснувања, посебно кај мостиња... Знакот е за максимална брзина, а не за колку мора да возиш... и да, се казнува и за бавно возење, посебно без причина...
Значи мешате сообраќајна култура со сообраќајни правила... Која е потребата кога иде возило од спротивна страна, на експресен пат со 2 ленти ти да претекнуваш додека се разминуваш со тој што иде од спротива?
П.С. да, се потргнувам настрана од камикази и им блендирам и свирам кога тоа го прават (не дека ќе смени нешто тоа).... ме нервираат таквите камикази по експресни патишта, исто како што ме нервираат камиказите на регионални патиша, посебно на кривини, пример на стража, кога имаат една лента за надолу, ама газат и во таа спротивната, посебно на кривина, бидејќи од долу има две ленти, ако иде некој е "културно" да му се потргне... бидејќи од кај него има доволно место...