Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 671388 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3780 на: 17 Ноември 2025, 17:59:11 pm »
Мислам дека е до партнерот во МК.
Прајм локации не им се приоритет, во Грција на кави локации се сместени франшизните, во Белград и Србија, па и во Загреб и Хрватска, не е дека се некои локации кои што се онака Wow! Бугарија најбетер! Ги има, ама треба да ги бркаш. Секако со 3 пумпи од кои едната е во Пинтија од Драчево накај Скопје, тешко дека може да се праи бизнис :) А локации има за пумпи, не е дека нема. Во Скопје барем 10 локации има за пумпи, кај што сеа се стоваришта за градежен материјал, селф сервис автоперални или авто-плацеви.

Јас како што знам, Корал имаат своја подружница во Мк. Може грешам
Неам фискална при рука, ама мислам дека не е „Шел-Корал Македонија“ на печатот од пумппата во Пинтија :)
Да, може имаат своја подружница, ама не менаџираат со пумпите и не се сопственици на пумпите. Туку може само да терааат бизнис со локлани заинтересирани бизнисмени.

Да, Мијалков е сопственикот на моменталните, односно бар на таа во Пинтија. На тие кај Гевгелија мислам дека е Корал Енерџи, бар на влезот стои тоа, имам фискална во кола ќе видам :) Затоа викам убава прилика да се прошират на нивни пумпи.

Shell која се наоѓа на правец Скопје кон Гевгелија е на КОРАЛ-ФУЕЛС ДООЕЛ Скопје, а во обратен правец (Гевгелија-Скопје, карши првата) е на БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

БЕСТ ВЕЈ е фирмата на Мијалков, истата фирма е и на таа во Пинтија. Најверојатно имаат некој договор за соработка - мислам дека едната кај Смоквица постоеше пред Шел да дојдат во Мк па само ја презедоа.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3781 на: 17 Ноември 2025, 18:04:34 pm »
Да, Gulf беше.