Погрешно си сфатил. Јас немав намера да го спинувам твојот исказ
Ти погрешно си сфатил. Не мислев на тебе (ниту на velestrumf).
Инаку, во врска со една работа јас може да поддржам некоја кампања затоа што се сложувам со целите. Но ако таа кампања се води на неисправен начин јас немам на располагање 10 кампањи со иста цел па да го имам луксузот да бирам која ќе ја поддржам. Така да ете ти одговор на твоето прашање. ДА, ќе поддржам кампања, ДЕЛУМНО затоа што ми одговараат целите и покрај тоа што не ги одобрувам инструментите и методите, од причина што НЕМАМ ДРУГ ИЗБОР.
Во ова не гледам ништо лошо, затоа што немам друг избор. Ако можам, би допринел методитеда се исправат, ако забегаат премногу методите во погрешна страна тогаш може и да истапам од кампањата ако сметам дека погрешните методи не водат кон остварување на целта која ја поддржувам.
Благодарам. Тоа е одговорот што го барав.
Значи да резимираме, како станува ситуацијата поопасна, така народот станува се поуплашен, добива чувство дека му снемуваат алтернативи и полека се отвара простор за поширок опсег на дозволиви методи за делување. Ова кулминира во услови на војна.
Проблемот е што одредени активистички групи постојано се трудат да ја претстават ситуацијата како да е таква, како да сте во војна, како да се работи за живот или смрт. Вакцините ќе ве убијат, ќе ви предизвикаат аутизам, гмо храната ќе ве направи стерилни, децата ќе ви се претворат во зелени франкенштајни... И потоа се случува, тоа што се случува.
Обидете се за миг да излезете од она што личи на бојно поле и мирно да согледате, дали навистина ве гранатираат, или пак некој само фрла петарди за да ве исплаши.